Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од јануари до октомври во Македонија се хакирани 328 веб страници

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од јануари до октомври оваа година во Македонија хакирани се 328 веб страници. Според податоците на АЕК, во државава се регистрирани 610.000 IP адреси, а интернет услуги даваат 101 провајдер.

За овој проблем денеска Министерствата за информатичко општество и администрација (МИОА) и за одбрана (МО) организираа панел дискусија на тема „Политики за сајбер безбедност – транспонирање на Директивата 2016/ 1148 на ЕУ, за обезбедување високо ниво на безбедност на мрежи и информациски системи“

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски истакна дека е потребен нов закон за обезбедување високо ниво на безбедност на мрежите и информациските системи и промена на одредени постојни закони, именување едно или повеќе национални надлежни тела – кои ќе вршат надзор врз почитувањето на обврските кои ги имаат овие оператори.

Прашањето на безбедноста, според министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, многу често се гледа само низ призмата на воени сили.

– Сведоци сме на дигитализација на конфликтите и кризите. За жал како држава доцниме зад сите овие појави. Не е случајно што по првите сајбер напади во Естонија, НАТО направи сериозен трансфер во приоритетите и од 2008 година започна на работа на својата прва сајбер стратегија, истакна Шеќеринска, потсетувајќи дека Македонија ја усвои конвенцијата од Будимпешта за сајбер криминал на Советот на Европа.

Шеќеринска информираше дека МИОА, МВР и Министерството за одбрана веќе ги формираат тимовите кои ќе имаат задача да продуцираат стратегија за сајбер одбрана.

МВР МИОА МО сајбер напади хакирани страници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.