Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од март 2012 година во Кочани нема инспектор за заштита од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување

0
By Marija Todorovska on March 24, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 24, 2025 15:01

Во Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани уште од 2012 година не е пополнето работното место за инспектор за заштита од пожари, откако претходниот заминал во пензија во март истата година.

Според официјално достапните податоци од Дирекцијата, испразнети се половина од предвидените работни места за инспектори во државата, односно во моментов ангажирани се само петнаесетина, од кои најголем дел во Скопје.

Пред да преминат во ДЗС, инспекторите за заштита од пожари и елементарни непогоди биле под надлежност на Министерството за внатрешни работи и во тој период биле вработени вкупно 63 во сите општини. Од нив во Дирекцијата биле префрлени 35 и бројот постепено се намалувал, главно поради заминување во пензија, а испразнетите работни места не биле пополнувани.

Трагичниот пожар во дискотеката во Кочани е потврда дека проблемот со превенцијата и заштитата е долгогодишен, а системот нефункционален. Недостигот од соодветен инспектор можеби не е клучен за да се спречи несреќата, но веројатно можел да има влијание во превентивата. Сметам дека недостига и најосновна едукација и запознавање на населението со причините и начинот на заштита и дејствување при пожар, истакна Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво од Кочани.

Стручните лица за заштита од пожари и други елементарни непогоди бараат Владата да ги обезбеди потребните средства за да се пополнат предвидените инспекторски места. Исто така, во наредниот период на ниво на држава да се организира соодветна едукација за најмладите од предучилишна до средношколска возраст за превенција и заштита од пожари.

ДЗС заштита од пожари инспектор Кочани пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.