Од ласкаво признание до „благодарница“. Двејн Кејси, тренер на Торонто, не дочека да се израдува на прогласувањето за најдобар стратег во НБА лигата бидејќи управата на „репторси“ му врачи отказ, пишува „ЕСПН“.

Според медиумите во САД, големо влијание за разделбата на Торонто со Кејси беа убедливите 4:0 за Кливленд во полуфиналната плеј-оф серија од Источната конференција во НБА лигата.