Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од протест на млади до крвопролевање: Најмалку девет убиени демонстранти во Ирак

0
By Нова ТВ on October 6, 2019 СВЕТ
Фото: cp24.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 6, 2019 10:54

Најмалку девет лица загинаа додека стотици се ранети и повредени во судирот на демонстрантите и безбедносните сили за време на вчерашните масовни протести во Багдад и јужниот град Диванија, соопшти ирачката Влада и претставници на невладина комисија за човекови права.

Илјадници Ирачани излегоа на улица да изразат незадоволство од лошата економска состојба во земјата, од невработеноста и од корупцијата, а дел од нив палеле канцеларии на политички партии. Протестите ескалираа набрзо по забранетиот собир на демонстрантите на плоштадот Тахрир по што безбедносните сили се обидоа со употреба на борбена муниција и солзавец да ја растераат толпата и во таа прилика згаснаа седум човечки животи. Подоцна, според полициски извори, е убиен уште еден демонстрант во Зафание, јужен кварт на Багдад.

Масовната беше излезноста на улица и во јужните градови Насирија и Диванија и покрај забраната на властите. Во Диванија е убиен најмалку еден демонстрант во момент кога учесниците на протестот почнале да се приближуваат до просториите на локалните власти. Во Насирија демонстрантите запалиле канцеларии на три политички партии и еден пратеник, на што безбедносните сили одговориле со огнено оружје, и засега нема податоци за жртви во тој град.

За време на демонстрациите во Багдад приведени се најмалку 39 лица, а светските агенции јавуваат дека за пет дена во Ирак загинале 73 лица.

Ирак протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.