Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од вечерва, пунктот за бездомници во Момин Поток отворен 24 часа

0
By Нова ТВ on December 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 6, 2017 13:44

Градоначaлникот Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска  го посетија Пунктот за бездомници во Момин Поток, кој од вечер ќе биде отворен 24 часа за згрижување на бездомните лица на територијата на Скопје поради најавата на студен бран.

Овој пункт на бездомниците ќе им обезбеди 24 часовна услуга следниве три месеци, односно во декември, јануари и февруари,  и дополнително ќе бидат ангажирани  40 волонтери  на Црвениот крст коишто ќе се грижат за нив.

-Градот Скопје се грижи на секаков можен начин да им излезе во пресрет на бездомните лица кои живеат на овие простори. Станува збор за наши сограѓани на кои им е неопходна помош, пред се во форма на сместување. Скопје е солидарен град. Наша цел е да им помогнеме на овие луѓе особено во зимскиот период кога ниските температури значително им ги отежнуваат условите за живот – изјави градоначалникот Шилегов.

Тој потенцираше дека планираат ставката во Буџетот на Градот за 2018 година којашто се однесува на поддршка на Прифатилиштето за бездомни лица  да се зголеми од 500 000, колку што досега издвојувал Градот, на 700 000 денари.

-Скопје е град на сите. Секој жител на Скопје заслужува солидарност, заслужува покрив над главата, затоплено сместување, дневен оброк, средства за хигиена и лекарска помош. Наша заедничка обврска е преку координирани акции да ги обезбедиме сите овие услови и за бездомните лица – рече Шилегов.

Градот Скопје е во постојана комуникација со Министерството за труд и социјална политика и со Црвениот крст на град Скопје и континуирано  им излегува во пресрет на потребите на овие наши сограѓани за да им се обезбедат елементарните услови за живот. Овој пункт располага со 32 кревета  и санитарен контејнер  со 4 туш кабини, поделен на машки и женски дел со што може да одговори на потребите на овие лица.

24 часа Пунк за бездомници Царовска Црвен крст Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.