Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од здравствени причини, Тошта оди во куќен притвор

0
By Нова ТВ on June 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 8, 2018 15:17

На Александар Јаневски Тошта, кој е обвинет за обидот за убиство на Зијадин Села му се заменува мерката притвор со куќен притвор, потврдија од OJO.

– Кривичниот совет на Основниот суд Скопје го уважи предлогот на одбраната на А.Ј. за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор и по правосилноста на решението тој ќе излезе од затворот „Шутка“, велат од судот.

Оваа одлука уследи откако Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за замена на мерката притвор со поблага мерка куќен притвор за обвинетиот А.Ј.-Т.

-Надлежниот обвинител по вторпат пред судот укажува дека со оглед на здравствената состојба кај обвинетиот и поодминатата фаза на постапката и со поблага мерка ќе се постигнат целите и  нема да се загрози понатамошниот тек на постапката по однос на овој обвинет.

Ваков став надлежниот јавен обвинител изрази и пред еден месец, во мислењето упатено до надлежниот суд по поднесено барање од страна на одбраната на обвинетиот, се вели во соопштението од ОЈО.

На последното судско рочиште на Јаневски му се слоши, по што беше пренесен во болница.

Јаневски е меѓу обвинетите за обидот за убиство на Зијадин Села при упадот во македонското Собрание на 27 април минатата година.

Се товари за сторено кривично дело – Убиство од член 123 ст.1 во врска со чл.19 во врска со чл.22 од Кривичниот законик заедно со уште шест лица.

Во првично поднесениот обвинителен акт беа опфатени и други три лица, но заради променета фактичка состојба, согласно член 393 ст.1 од Законот за кривична постапка, јавниот обвинител изврши измена на описот на изреката, а последователно и на правната квалификација. За двајца од обвинетите се изврши преквалификација во сторено кривично дело – Насилство од чл. 386 ст. 3 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик. За еден обвинет, јавниот обвинител во целост се откажа од писмено поднесениот обвинителен акт.

Со поднесување на обвинителниот акт беа опфатени лица за кои обвинителството до тој момент прибра одредени докази. Но, постапувањето на Основното јавно обвинителство Скопје продолжи во предистражна постапка и натаму со цел да се расветли настанот во целост и да се идентификуваат сите инволвирани лица.

Притоа, при утврдување на новите факти, прибавени се нови докази, меѓу кои и видео снимката врз основа на која беа направени измените во обвинението. Новопронајдениот видео запис од настанот даде сосема поинаква слика за дејствијата на тројца од првично обвинетите во однос на пратеникот Зијадин Села. Од тука, надлежниот јавен обвинител веднаш ја достави видео снимката како дополнение на доказната постапка и истата беше прифатена како доказ и од страна на судот.  Новоутврдените факти пак, неспорно доведоа до потреба од промена во Обвинителниот акт за тројцата обвинети.  Имено, јавното обвинителство согласно своите надлежности, има обврска да ги утврдува како фактите што го товарат обвинетиот, така и оние што му одат во корист.

Од ОЈО Скопје велат дека продолжува идентификувањето и на други учесници во настанот и нивната кривична одговорност.

 

напад Села Тошта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.