Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинението за нападот на Села се проширува,за двајца укинат притворот

3
By Нова ТВ on June 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 6, 2018 14:02

Двајца обвинети за нападот врз пратеникот Зијадин Села Цео Ѓорѓиевски и Стојан Павлески ќе се бранат од слобода – ќе бидат ослободени од куќен, односно од затворски притвор. Оваа одлука судот ја донесе откако на денешното рочиште за нив обвинението беше преквалификувано од убиство во обид, во насилство.

Судот им одреди мерки на претпазливост односно одземање на пасошите и пријавување во судот еднаш неделно.

Адвокатот на Зијадин Села, Абидин Абдули пак изјави дека во соработка со Јавниот обвинител во моментов се изготвуваат нови обввиненија, односно обвинението за нападот ќе се проширува, бидејќи постојат докази дека во нападот на Села се инволвирани и други луѓе.

Следното рочиште е закажано за 11 јуни.

Обвинителството денеска го повлече обвинението во целост за Сашко Сенков кој беше еден од обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села. Обвинителството се откажа од гонење на Сенков, затоа што новите видео докази покажале дека тој имал поинаква улога во настаните на 27 април, а поврзани со нападот врз пратеникот Зијадин Села. Попладнево тој ќе излезе од притвор, изјави неговиот адвокат Рубин Двојаков, која најави  дека ќе побараат оштета за секој ден поминат во притвор досега. Сенков беше во притвор околу 7 месеци.

Денешното рочиште накусо беше прекинато, откако на еден од обвинетите Александар Јаневски Тошта му се слоши откако судот соопшти дека за него останува обвинението за убиство во обид.

Претходно обвинетиот Јаневски и се обрати на судијката и праша: „Зошто ме судите за убиство во обид кога се знае кој го кренал телефонот од горе. Ме судите зашто сум основач на ВМРО“, кажа Јаневски, по одлуката на Обвинителството за него да не се менува  обвинението за обид за убиство.

По ова, тој се струполи на земја, а судијката побара од присутните да ја напуштат судницата. Беше повикана Брза помош која го изнесе Јаневски од Судот. Според информациите од обвинителот, тој се наоѓа на скопските клиники.

 

обвинение преквалификација притвор Села судење укинат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.