Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната на Села со забелешки на вештачењето

0
By Нова ТВ on February 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното продолжение на судското рочиште за обидот за убиство наз пратеникот Зијадин Села на 27 април, вештакот Здравко Чакар ги потврди наодите што ги дал и пред Обвинителството. Посочи дека од повредите што му биле нанесени на Села, најопасна и најтешка било нагмечувањето на мозокот и десно-челниот оток. Опасноста по животот била од оштетувањето на мозочното ткиво.

На прашање на судот, за колку време според природата на повредите може да настапи смрт, вештакот рече дека не може да се прецизира временски интервал бидејќи секој индивидуално реагира на повредите.

Во конкретниот случај, повредите довеле до понатамошно ширење на последиците, но не и до смртен исход.

Според вештакот Верица Поповска, повредата на Села од десната страна на главата можела да настане од директно делување на тврда сила и ударот би можел да биде и од удар со нога.

Од повредите на Села во мозокот влегол воздух поради што како што рече докторката ова можело да предизвика инфекција, односно воспаление на мозокот.

Додека вештаците го изработувале вештачењето на увид имале и снимка од која се гледало како Села со нога е удрен во главата. На прашање на обвинителот, дали од овој удар настанала повредата од левата страна на главата, докторката рече дека би можело да дојде во обзир дека повредата е од овој удар, но истакна дека Села и пред тоа добивал удари, а тие немале можност на снимка да го видат целиот напад.

На прашањето на обвинителот, дали повредите можат да предизвикуваат трајни последици, вештакот рече дека и по неколку години од нападот може да се појави неврлошки испади.

– Затоа оштетениот и денеска прима терапија која го штити мозокот од епилептични напади, рече докторката.

Забелешка на одбраната беше  што кога Села бил примен на КАРИЛ имал нормални наоди кои се разликуваат од оние во извештајот на вештаците, на што вештакот Здравко Чакар одговори дека клиничката слика може да се развие и подоцна како последица на сериозноста на повредите.

Адвокатите на одбраната  забележаа дека вештакот немал лиценца за работа во моментот кога се вршела анализата.

Според обвинителот, пак, немало ниту потреба од тоа бидејќи вештачењето е направено од страна на Институтот за судска медицина која е највисока институција во Македонија за оваа проблематика.

Вчера пред судот сведочеше Зијадин Села кој посочи дека во прес-салата бил удрен со монитор и со копје од знаме и оти слушал закани упатени кон него дека ќе биде убиен.

На претходното рочиште адвокатот на Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.

Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

вештачење обид за убиство одбрана повреди Села
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.