Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната во „27 април“: Нинџа не бил во ВМРО кога тврди дека Ристовски и Јанакиески организираат некого

0
By Нова ТВ on March 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 9, 2020 13:21
Со воведни зборови на одбраната и обвинетите, во Кривичниот суд продолжи судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април во 2017 година. Иако на претходното рочиште беше најавено, сепак, денеска не сведочеа техничкиот премиер Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во законодавниот дом, бидејќи немале уредни покани.
Адвокатот Еленко Миланов, кој ги брани обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, во воведните зборови истакна дека уставниот поредок на државата на 27 април не бил загрозен, како што се наведува во обвинителниот акт. Тој истакна дека во текот судењето ќе докажел дека никој од обвинетите не организирал и не повикал на насилства во Собранието на 27 април 2017 година.
„Ќе докажеме дека постапување на претседател на Собранието, не може да биде сторено кривично дело“, рече адвокатот Миланов.
Според него, комуникацијата меѓу претседателот на Собранието, во овој случај Трајко Вељаноски и неговиот вработен не може да биде инкриминиран акт. Импулсивната реакција на пратеникот Зекирија Ибрахими, како што наведе адвокатот Миланов, е последниот камен од мозаикот, односно мирните протести ќе продолжеле и на 27 април, исто како и на 21 и 26 ако не била неговата реакција.
„Него го нема во диспозитивот на обвинението, освен во листата на докази на одбраната. Ќе се докаже како и на кој начин овој пратеник изреагира“, кажа Миланов.
Одбраната на обвинетите за организаторите на „27 април“, исто така, нагласи дека ќе докаже оти немало организиран превоз на граѓани од страна на Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.
„Ќе докажеме дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, во ниту еден момент не биле во ниту една базна станица со лицето Александар Василевски–Нинџа, кој изјавил дека видел и слушнал како Спиро и Миле организираат некого во штабот“, рече Миланов.
Обвинетиот Трајко Вељаноски, во својот воведен говор рече дека оваа обвинение е по нарачка на извршната власт, односно дека Обвинителството за гонење на корупција и организиран криминал, е инструмент за уценување, исто како и СЈО.
„Ќе докажам дека конститутивната седница на 30 декември ја закажав согласно Уставот и Правилникот на Собранието. Претходно на 29 декември имав состанок со пратеници на СДСМ, на БЕСА, на ДУИ и на Алијанса за Албанците. Од 30 декември до 27 март, немав основа за закажување на конститутивната седница. Вакво барање добив на 17 март, односно во текот на февруари и март немаше барање за конститутивна седница“, рече Вељаноски.
Поранешниот претседател на Собранието, сега обвинет за организирање на насилствата на 27 април, Трајко Вељаноски, кажа дека пратеникот Зекирија Ибрахими ќе го предложи за негов сведок.
„Пратеникот Зекирија Ибрахими во својот говор пееше на албански. Јас не бев запознаен што пееше, траеше 20 секунди и немаше превод. Ќе докажам дека на пратеникот не сум му дал збор преку ред како што тврди Обвинителсвото. Обвинителството ако сакало да ја знае вистината ќе го сослушало лицето Зекирија Ибрахими“, додаде Вељаноски.
Тој и на првото рочиште минатата недела, се изјасни како невин, а вина негираа и другите обвинети во предметот „организатори на насилствата во Собранието на 27 април“, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски. Обвинителката Вилма Рускоска, пак, тврди дека ќе докаже оти обвинетите изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство за да спречат мирно примопредавање на власта, што резултира со насилствата на 27 април во 2017 година.
Кривичен суд предмет Собрание упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.