За 9 март е одложено рочиштето во Врховниот суд во Атина на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на судот во Солун за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски. Рочиштето е одложено поради отсуството еден од адвокатите, објави Радио Слободна Европа.
Грујевски и Бошковски остануваат во атинскиот затвор „Коридалос“.
За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси: за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, барањето за азил поднесено на 29 ноември минатата година и за македонското барање за екстрадиција, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи тие да бидат екстрадирани во Македонија.