Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложена седницата на собраниската комисија на која требаше да расправа за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ

0
By Marija Todorovska on September 5, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 5, 2025 10:34

Одложена е Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Од собраниските служби нема образложение за одложувањето на седницата.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја имаше закажано седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.

Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Ова следи откако пратеникот Љупчо Пренџов како член на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР  јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од Eвропскиот фронт да закаже итна седница по што претседателот на Комисијата Скендер Реџепи рече дека додека е претседател и дискриминиран нема да свика таков состанок.

Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, изјави Пренџов.

Овие случувања, според пратеникот, предизвикале силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.

Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.

Реџепи потенцира дека тој не може да присуствува на таква седница бидејќи информациите се класифицирани, а тој нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал уште во ноември или декември минатата година.

Која би била логиката, председателот на Комисијата да не може да присуствува на една таква Комисија или таков претрес во службите. Пред една година имам поднесено барање за безбедносен сертификат. Сметам дека тоа е дискриминација, истакна Реџепи.

Порача дека претседателот на Собранието има можност да свика седница на Комисијата.

АНБ Африм Гаши прислушкување седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.