Одложено судењето по тужбата за клевета на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на Муса Џафери, против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски за негово сведочење пред окружниот суд во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“.

Рочиштето е одложено за 24 ноември поради отсуство на судечкиот судија.

Ахмети и Муса Џафери бараат отштета од Богоевски во висина од 3 милиони денари. Слободан Богоевски пред окружниот суд во Њујорк изјави дека Али Ахмети, Муса Џафери и Владо Бучковски, кој во тоа време беше премиер од тогашните директори во „Маѓар Телеком“ примиле поткуп од 2,5 милиони евра за да обезбедат гаранција дека на македонскиот пазар нема да влезе друг телекомуникациски оператор.