Рочиштето за судењето на Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети за учество во „Шарената револуција“ е одложено за 29 мај, поради болест на судијката Весна Тагасковска.

Обвинието против Савески и Куновски е за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Процентата вредност на направената штета од протестите на „Шарената револуција“ на народнаа канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, според државното правобранителство изнесува 8.500 евра.