Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја укина суспензијата за Русија што автоматски значи „зелено светло“ за нејзините спортисти за настап на Олимпијадите.
Претставниците на „зборнаја“ беа ставени „под мраз“ за Игрите во Пјонгчанг поради употреба на недозволени стимулативни средства, но ИОК, сепак, дозволи настап на 169 натпреварувачи кои во Јужна Кореја настапија како „олимписки спортисти од Русија“.
„Статусот на Рускиот олимписки комитет е вратен во целост“, порача неговиот претседател, Александар Жирков.
Пред крајот на зимските олимписки Игри од ИОК потврдија дека ќе биде симната забраната за Русија и како таква ќе биде на сила додека не се случи нов прекршок на антидопинг правилата.