Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Односите помеѓу Сараево, Загреб и Белград никогаш не биле полоши

0
By Нова ТВ on January 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Односите помеѓу Босна и Херецеговина (БиХ), Србија и Хрватска никогаш не биле полоши, изјави Младен Иваниќ, претседавачот на Претседателството на БиХ.

Според него, се што се случува помеѓу Белград и Загреб има тројно значење и тежина во БиХ.

Иваниќ предлага да се одржи средба помеѓу овие три земји:

“Мислам дека е потребно, за почеток неформално, трите страни да се состанат и односите помеѓу БиХ, Србија и Хрватска да почнат барем да се релаксираат. Односите сега е најлошите во последните десет години. Многу тешки зборови, полно исклучивост, малку подготвеност за договор а пред нас нема знаци дека брзо би дошло до некаква промена”.

Според Иваниќ ваков состанок мора да се случи бидејќи тоа е предуслов за стабилноста на Балканот.

Сепак, на овој предлог до сега не стасала позитивна реакција.

Тој го повика српскиот претседател Томислав Николиќ да го посети Сараево откако пред една година ваква посета беше откажана.

Иваниќ не се согласува со изјавата на членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ кој рече дека односите во регионот се добри:

“Како можете да кажете дека односите се добри кога Сараево ја откажа посетата на претседателот на една држава која е значајна за српскиот народ?”, праша Иваниќ. Според него ова е еден вид “разгаленост” на политичарите кои сметаат дека можат да прават што сакаат и потоа да нема последици.

Тој ја коментираше и одлуката на Хрватска да го блокира отворањето на едно поглавие во преговорите на Србија со ЕУ, особено што и Хрватска имаше слични проблеми со Словенија во преговорите за членство во ЕУ:

“Не е добро тоа што Хрватска го направи”, рече тој и додаде дека Загреб нема да има корист од оваа одлука:

“Блокадата е негативен став кон кандидатот а кога тоа ви го прави комшијата тогаш тоа добива пет пати поголема тежина”.

Во средината на декември во Брисел Србија очекуваше дека ќе го отвори и поглавието 26 за образование и култура. Вообичаено ова поглавие е едно од најлесните бидејќи во ЕУ нема заедничко европско законодавство од оваа област кое треба да се усогласува. Но, Хрватска го спречи отворањето на ова поглавие.

Босна и Херцеговина Младен Иваниќ Србија Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.