Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ лут, Загреб и Софија ги блокираат преговорите за членство во ЕУ

1
By Светлана Јовановска on December 14, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 14, 2016 10:50

Српскиот премиер налутено го напушти Брисел вчера обвинувајќи ја Хрватска дека ги блокира преговорите за членство во ЕУ.

Во понеделникот во Брисел беа отворени поглавието 5 за јавни набавки и поглавието 25 за наука и истражување. Со тоа отворени се шест поглавија од вкупно 35.  Србија очекуваше дека ќе го отвори и поглавието 26 за образование и култура. Вообичаено ова поглавие е едно од најлесните бидејќи во ЕУ нема заедничко европско законодавство од оваа област кое треба да се усогласува. Но, Хрватска, со помош на Бугарија, го спречи отворањето на ова поглавие.

Тогаш почнаа острите зборови испратени на хрватска адреса.

Шефот на српската дипломатија изјави дека “ако Хрватска е таа што решава дали Србија ќе стане членка, тогаш јас го губам интересот за ова прашање”, рече Ивица Дачиќ.

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Давор Иво Стиер изјави дека Загреб бара дополнителни објаснувања од Европската комисија која ги води преговорите во име на земјите членки на ЕУ.

Според хрватскиот “Вечерњи лист” за Хрватска е спорно прашањето дали Србија е подготвена да гарантира образование на јазиците на малцинствата. Хрватската агенција “Хина” напиша дека Загреб има забелешки за учебниците на хрватски јазик. Иако Србија почнала да ги преведува постоечките учебници на хрватски таа сепак не почнала да работи на посебни учебници за хрватското малицинство. Загреб инсистира во преговорите да се додадат и прашањата врзани со хрватското малцинство и враќањето на културните добра.

Српскиот премиер Александар Вучиќ луто ги напушти преговорите и се врати во Белград велејќи дека му е доста од хрватското однесување.

Резерви имаше и Бугарија. Министерката Меглена Кунева изјави дека нејзината влада не добила за објаснувања за прашањата за бугарското малцинство во источна Србија:

“Српското министерство за образование планира реформи и ние би сакале да знаеме како тие реформи ќе изгледааат”, рече таа додавајќи дека Софија не може да се согласи на отворање на ова поглавие се додека не добие одговори од Белград.

Сето ова го налути српскиот премиер Александар Вучиќ кој ги напушти преговорите и се врати во Белград велејќи дека му е доста од хрватското однесување. Меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Србија се одржа без премиерот.

“Јас не го сопрев процесот на приклучувањето на Србија кон ЕУ, не се откажав од желбата се да се хармонизира со ЕУ. Ја покажав нашата табла на вредности и цврсто и гордо застанав зад неа. Затоа бев избран, за да не го дозволам нејзиното уништување”, им рече Вучиќ на новинарите.

Но, тој испрати и порака до Хрватска велејќи дека оние за кои “партизаните се терористи а усташите војска, оние кои се плашат од српските чоколади и сметаат дека целата историја почнува со теоријата за големо-српска агресија, не можат да ја учат Србија”.

Помеѓу Загреб и Белград не тече мед и млеко.

Минатата недела претседателката Колинда Грабар Китановиќ се извини поради тоа што на децата во Дубровник им подарила српски чоколади. За Белград, хрватските лидери имаат проблем со српски чоколади но во Хрватска во живот се враќаат пронацистичките усташки движења.

Минатата недела претседателката Колинда Грабар Китановиќ се извини поради тоа што на децата во Дубровник им подарила српски чоколади. А министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ додаде дека “тешко на таа ЕУ во која Хрватска има главен збор”.

А министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ додаде дека “тешко на таа ЕУ во која Хрватска има главен збор” додавајќи дека Брисел би требало повеќе време да посвети на случувањата во Хрватска.

ЕУ одлучи да ја спушти топката за да ја намали тензијата помеѓу Белград и Загреб и соопшти дека Србија е генерално добро подготвена во областа на образованието и дека преговорите ќе продолжат.

И додека премиерот и се лутеше на Хрватска, Белград топло го прими рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој беше во посета во понеделникот. Москва и вети на Србија помош за екипирање на српската војска а Србија вети дека нема да бара членство во НАТО и дека нема да им се придружи на европските санкции кон Русија.
Србија доби кандидатски статус во 2012 година а преговорите почнаа во 2014 година. Првите две поглавија беа отворени пред една година а потоа во јуни годинава уште две.

Црна Гора

И Црна Гора вчера во Брисел отвори две нови поглавија во преговорите за членство со ЕУ – поглавието 11 за земјоделство и рурален развој и 19 за социјална политика и вработување.

Комесарот за проширување Јоханес Хан имаше пофални зборови за Подгорица велејќи дека земјата прави јасен напредок во процесот.

Од вкупно 35 поглавија Црна Гора отвори 24 а само две се затворени. Црна Гора ги почна преговорите со ЕУ во јуни 2012 година.

Бугарија ЕУ образование преговори Србија Хрватска членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.