Комитетот за светско наследство на УНЕСКО пак и попушти на Македонија. Одлучи Охридскиот Регион уште да го држи статусот на заштитено светско културно наследство.
Одлуката беше донесена од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја, со која природното и културното наследство на Охридскиот Регион не се впишува на Листата на светско наследство во опасност.
Инаку, недонесување на веќе предложената одлука за впишување на светско наследство на листата на светски наследства во опасност е исклучително ретка појава. Такви се случаите со Венеција и Големиот корален гребен во Австралија во 2021 година. Затоа, ова го прави успехот на нашата земја особено значаен и историски.
Охрид и Македонија и овоиј пат добија меѓународна поддршка која пак е и голема обврска и која ќе мора да се оправда во периодот што следи, а УНЕСКО ќе демне.




