На првото олимписко натпреварување на Косово, џудистка Мајлинда Келменди на својата земја и го донесе и првото историско злато. Косово на Олипмиските игри во Рио, за прв пат настапува како независна држава.

Мајлинда Келменди во категоријата до 52 килограми ја совлада репрезентативката на Италија, Одета Џуфриди, и се закити со најсјајното признание.

Таа воедно важи и за една од најдобрите џудистки во светот.