Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОИК: референдумот во Босилово е неуспешен

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Референдумот во Босилово против изградбата на рудници на територијата на општината е неуспешен.

Општинската изборна комисија во Босилово и официјално соопшти дека на референдумот излегле 32,45 отсто од регистрираните гласачи или гласале 3.992 гласачи, односно 2.159 помалку од потребниот минимум за референдумот да успее.

Од невладината „Здрава котлина“, која е иницијатор за референдумот, велат дека ваквиот исход е катастрофален и срамен, но посочуваат на многу нерегуларности.

Најавија дека нема да се откажат од стопирање на рудникот за бакар и злато кај Иловица туку ќе поднесат барање до Владата и сите други институции да се направи ревизија на тој проект и ревизија на сите студии кои се преполни со работи кои се штетни за самата природа, човечкото здравје.

НОВА ТВ неколку пати побара од Владата да обелодени што содржи договорот за концесија и експлоатација на бакар и злато во рудникот во Иловица. минатата недела и министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција одби да го стави на увид на јавноста документот со Еуромакс Ресоурсес Лимитед, канадската компанија која што доби договор со претходната влада да вади злато во ова струмичко село.

Според него во него нема ништо спорно.

Договорот за рудникот Иловица и натаму под превезот на тајноста

НОВА ТВ се обиде договорот за концесија на рудникот Иловица да го добие од Министерството за економија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но оттаму ни испратија допис со одговор дека „предметот е во постапка на усогласување при што доставувањето на содржината би предизвикало погрешно разбирање на содржината“.

Босилово Иловица референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.