Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО бара мерки на претпазливост за Јакимовски и соработниците

0
By Нова ТВ on August 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје за екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски и четворицата вработени ви општината поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост и тоа обврска на обвинетите повремено да се јавуваат на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.​

Претходно надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Управата за финансиска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица.

Осомничените се товарат дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во три постапки за јавни набавки, при што двајца сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.22 во врска со чл. 45, додека тројца од осомничените за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски предмалку е донесен на распит во Кривичниот суд.

При влезот во судот, тој ги опцу новинарите кои побараа изјава од него.

Претходно, тука беа донесени четворицата соработници кои заедно со Јакимовски се товарат за дека го злоупотребиле буџетот на општина Карпош за 600.000 евра.

Според пријавата, Јакимовски во 2012 и 2013 година во две јавни набавки незаконски ја ангажирал фирмата Алконпроект ДООЕЛ од Тетово иако оваа компанија не доставила банкарска гранција дека квалитетно и навремено ќе ја заврши работата, што и било законска должност според тендерската документација и членот 48 од Законот за јавни набавки. Јакимовски наместо да го раскине договорот и да ја наплати банкарската гаранција на понуда, тој му дозволил на изведувачот да започне да работи согласно договорите, а потоа поради ненавремено и неквалитетно извршување на работите го раскинал договорот, со што и овозможил на фримата да се стекне со противправна имотна корист на име на неплатени и необезбедени банкарски гаранции во висина од 15.000 евра, а на штета на буџетот на општина Карпош.

Јакимовски се товари и дека му дозволил на Алконпроект да започне со градежни активности без одобрение за градење, без идеен проект и без основен и изведбен проект. Исто така, според пријавата Јакимовски давал усни инструкции на изведувачот да реализира позиции во поголеми количини од предвидените во техничката спецификација, како и да реализира позиции кои воопшто не биле предвидени во техничката спецификација со што овозможил на фирмата  да се стекне со противправна имотна корист во висина од околу 540.000 евра од сметката на општина Карпош.

Јакимовски се товари и дека и во 2016 година потпишал договор со фирмата ДГПТУ СМ Компани од  Свети Николе за партерно уредување на паркот во Жданец иако знаел дека фирмата не понудила банкарска гаранција  за квалитетно и навремено извршување на работотата.  Исто така, иако Јакимовски знаел дека изведувачот не може да започне со градежни работи, бидејќи во договорот пишувало дека тој ќе биде валиден од моментот на достава на банкарска гаранција, тој му озвоможил на  изведувачот да ја заврши работата предвидена со договорот, со што му озвоможил да се стекне со противправна имотна корист од 47.000 евра.

Кривични пријави се поднесени и против М.Д., раководител на Секторот за јавни набавки, Н.Н. помошник раководител на Секторот за финансиски прашања, С.М. раководител на Одделението за норматива во правниот сектор и А.С., раководител на Одделението за сметководство.

 

Јакомовски ОЈО распит Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.