Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО Куманово ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот Димитриевски

0
By Нова ТВ on June 4, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: kumanovo.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 4, 2020 13:53

По сеопфатно проучување на наводите во кривичната пријава поднесена од СВР-Куманово против градоначалникот на Куманово и раководителот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) од Куманово, а за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Куманово донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поради тоа што не се утврдени елементи за сторени кривични дела кои се гонат по службена должност, се вели во соопштението на кумановското ОЈО.

Кривичната пријава во Обвинителството беше поднесена на 24 април оваа година против две лица. Во неа беше наведено дека лицата за време на епидемија на опасната заразна болест постапиле спротивно на здравствените прописи на начин што откако претходно биле тестирани и им било дијагностицирано присуство на вирусот ковид-19 и добиле и Решенија за задолжително домашно лекување и изолација, се упатиле на тестирање во Скопје во три приватни лаборатории – иако не смееле да го напуштаат просторот каде биле сместени.

По разгледување на пријавата и извршената анализа на сите докази приложени кон неа, како и по извршени дејствија за утврдување на факти во предметот, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово констатираше дека пријавените како асимптоматски носители на вирусот и лица кои поради нивната здравствена состојба спаѓаат во група на висикоризичи пациенти, откако ги добиле решенијата за задолжителна самоизолација и домашно лекување побарале дополнително тестирање и второ стручно мислење за сопствената здравствена состојба, што е согласно член 9 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите.

„Притоа, пријавените извршиле консултација со матичните лекари и закажале контролен преглед на Инфективното одделение во Општата болница Куманово за 22.04.2020 година. Еден од пријавените, приватно ангажирал и платил од сопствена сметка амбулантно возило со кое утрината , истиот ден, двајцата пријавени биле превезени во Скопје и обратно за контролни тестирања во приватни болници и лабораторија. Превозот во амбулатното „ковид“ возило бил извршен согласно на медицинските протоколи, под целосна заштитна опрема на возачот и пациентите. Нивниот превоз, пријавените уредно го пријавиле телефонски на „192“ во Центарот за известување и командување при СВР Куманово, а согласно решенијата за домашна изолација каде стои дека „доколку лицето во текот на лекувањето и изолацијата во домашни услови има потреба од болничко лекување, претходно треба да се јави на телефонскиот број 192 со цел да му биде овозможено напуштање на домот“, стои во соопштението на ОЈО Куманово.

Откако им биле земени примероци, согласно медицинските протоколи, пријавените со истото амбулантно возило се вратиле назад во Куманово, каде веднаш во Инфективното одделение во Општата болница им биле земени примероци на крв за анализа, бил извршен преглед и рентгенско снимање.

Резултатите од извршеното тестирање во Скопје биле негативни, исто како и резултатите на извршено дополнително тестирање од страна на екипа од приватна болница која дошла во домовите на пријавените.

Пријавените, без оглед на негативниот резултат од тестирањата, останале во домашна изолација се до истекот на рокот од 14 дена и до добивање на два последователни негативни резултати од овластената лабораторија.

„Имајќи ги предвид сите преземени дејствија на пријавените, начинот на кои ги преземале и особено околностите во кои тие биле преземени, обвинителството утврди дека сосема е неспорно дека пријавените за време на епидемија на заразната болест не постапиле спротивно на ниту еден пропис или наредба со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување, односно дека во постапувањето на пријавените не се содржани елементи на сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, ниту пак на било кое друго кривично дело кое се гони по службена должност, поради што обвинителството го донесе решението за отфрлање на кривичната пријава“, заклучува ОЈО Куманово.

градоначалник Кривична пријава Максим Димитриевски ОЈО Куманово решение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.