Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Напаѓачот од Кичево пукал во повредените од зад грб

2
By Нова ТВ on September 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид во центарот на Кичево, на местото каде вчера се случи вооружен инцидент во кој се повредени 3 лица.

-Според првичните сознанија до инцидентот дошло кога лицето А.А од зад грб испукало неколку куршуми од пиштол кон А.А и А.Д. При нападот со лесни телесни повреди во пределот на потколеница се здобил и случаен минувач. Поради сериозноста на повредите А.А и А.Д се пренесени на лекување во скопските клиники.

При увидот јавниот обвинител издаде наредби за собирање на траги од лице место, за вештачење, фотографирање и скицирање на местото на настанот, се вели во соопштението од ОЈО.

​Во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство – Гостивар до судија на претходна постапка при Основниот суд – Гостивар ќе достави Предлог за определување на мерка – притвор за сторителот.​

Носителот на независна листа советници во Кичево Алит Абази кој беше најтешко ранет во вчерашниот вооружен инцидент во Кичево, бил опериран и е во стабилна состојба.

Покрај него, ранети се и шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу и Шабан Далипи, кои исто така се во болница.

Кон тројцата пукал 58 годишниот А.А. од Кичево.

Полицијата веднаш по инцидентот го привела напаѓачот А.А. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка.

МВР соопшти дека инцидентот се случил во 18,40 часот во Кичево на бул. “Ослободување“ А.A.(58) од с.Горно Строгомиште, кичевско, кога ги пресретнал Д.А.(58) од Кичево, А.А.(40) од с.Србјани, кичевско, и Ш.Д. (54) од с.Грешница, кичевско, и со пиштол почнал да пука кон нив.

Притоа, Д.А. се здобил со повреда во пределот на десниот бут, А.А. се здобил со повреда во пределот на слабината, по што на истите им била укажана медицинска помош во Медицинскиот центар во Кичево, а потоа, поради сериозноста на повредите, двајцата се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Ш.Д. се здобил со повреда во пределот на десната потколеница и бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.

Напаѓачот А.А. е приведен во ПС-Кичево. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Кичево.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Инцидент Кичево ОЈО повредени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.