Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО отвори предистражна постапка за тендерот за реагенси

0
By Нова ТВ on August 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство.

-Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари, се вели во соопштението.

На крајот на минатиот месец, НОВА објави дека на големиот тендер  за реагенси се јавила само една фирма-  АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, (друштво со ограничена одговорност) која е формирана на 18.04.2018 годинава – во момент кога во Министерството за здравство беше најавен големиот тендер за реагенси со кој министерот Венко Филипче најави голема заштеда во здравството,  велат извори за НОВА кои се директно вклучени во бизнисот со реагенси.

Од документите во Централен регистар се гледа дека фирмата е регистрирана со странски капитал, како микро фирма со влог од само 5000 евра.

По реакциите во јавноста, министерот за здравство објави дека тендерот е стопиран бидејќи првичната евалуација покажала одредени неправилности во документацијата.

Фирмата АХР ЛАБ која е носител на дејност, тврди дека не поднеле понуда на тендерот за реагенси.

Државна комисија за жалби по јавни набавки пак, ги прифатила жалбите на трите фирми од тендерот и утврдила дека Министерството за здравство прекршило најмалку 7 членови од законот јавни набавки. Поради ова Министертвото за здравство треба да плати 78 000 денари на овие фирми заради сторена грешка и официјално да го поништи тендерот на кој имаше само една понуда.

Комисијата за жалби, дека со ваквите спецификации Министерството навело услови со кои се фаворизира германското претставништво на американската фармацевска компанија АБОТ.

„Поради сторена битна повреда на законот во постапката на доделување на договорот за јавни набавки предвидено со член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавни набавки кое со никакво дополнително постапување договорниот орган не може да ја исправи Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучија да ја поништат тендерската документаци по оваа јавна набавка“, се вели во образложението на Државната комисија за јавни набавки, објави Слободен печат.

За Комисијата е особено проблематичен делот од договорот каде е предвидено дека Министерството за здравство треба да исплати на носителот на набавката штета од 5 милиони евра во случај некоја од здравствените установи да не порачуваат реагенси од оваа фирма.

Решението на Комисијата е конечно и Министерството за здравство мора да постапи по него.

 

МЗ ОЈО реагенси тебндер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.