Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО почнува истрага за загинувањето на Калина и Александар

0
By Нова ТВ on February 21, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Нова Македонија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Скопје започнува постапка за расветлување на околностите под кои двајцата македонски планинари, Калина Велевска и Александар Миновски загинаа на планинскиот врв Кајмакчалан.

Во соопштението, ОЈО наведува дека „надлежен јавен обвинител издал Наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на тоа кој, кога и како ја организирал планинарската експедиција, кои се потребните услови за таква организација и дали тие биле исполнети, како и други околности.

Во исто време, издадена е Наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансверзалец“ – Скопје, нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан.

По Наредба на надлежниот обвинител треба да бидат обезбедени и листинзите на појдовни и дојдовни повици од мобилните телефони на починатите планинари.​

Досега во јавноста беа објавени извештајот на Федерација, во кој само редоследно по сатница се наведува како се одвивала турата, но без детали. извештајот завршува со моментот, кога според друштвото Трансверзалец прекинала комуникацијата со двајцата планинари.

Но подоцна во јавноста се појавија извештајот и изјави од грчките спасувачки служби кои не се поклопуваат во целост со она што е напишано во извештајот на македонското друштво.

Весникот Нова Македонија во повече наврати деновиве објави написи, дел од смото место на трагедијата, делови од извештаите на грчките спасувачки служби и изјави на одговорните за оваа акција.

Во барањето за обдукција се констатира дека грчките специјални единици за справување со катастрофи ги пронашле Калина и Александар во саботата вечер, во 22 часот, на 10 февруари и се обиделе да го извлечат, односно да го спасат Александар.

извор: Нова Македонија

-Според документот, специјалците прво се обиделе да го спасат  Александар, кој „бил сѐ уште свесен“, употребувајќи ремен за да го извлечат. Во извештајот во кој се наведува изјавата на спасувачот, во текот на извлекувањето поради непозната причина ременот се откачил и Александар „паднал на стрмната падина на уште поголема длабочина“. Грчките спасувачи од Солун изјавиле за полицијата дека Калина „не покажувала знаци на живот, ниту на чувствителност“ и, според нивниот исказ наведен во документот, Калина „веројатно беше веќе почината“. Во документот не се наведуваат детали дека е направен обид за нејзино извлекување, пишува Нова Македонија.

Директорот на ски-центарот „Ворас“, Танос Панајотопулос во интервју за весникот, за она што се случувало во саботата попладне на 10 февруари на падините на Кајмакчалан, вели дека, клучно за акцијата за спасување било времето меѓу 11.30 и 13.30 часот, кога македонските планинари сами ги барале своите исчезнати колеги. Исто така, тој истакнува дека грчките спасувачи немале информација дека планинарите се изгубени уште во 11.30 часот и дека оваа, за него, исклучително важна и пресудна информација ја добиле дури во 16.30 часот, со што што акцијата за спасување би имала сосема поинаков тек.

Планинари и пријатели на двајцата загинати, со денови преку социјалните мрежи укажуваат на нелогичности во извештајот во врска со целиот тек на планинарската тура и особено на како што ги нарекуваат „дупките“ во објаснувањето како течела акцијата за пронаоѓање. Некои од нив укажуваа де теретнот не е „Хималаи“ па да се пребарува со часови, и покрај лошите временски услови.

Семејствата  на Калина и Александар преку писмо изразија сомнеж во професионалноста на организаторите на турата и бараат одговорност. Писмото уследи откако Трансверзалец преку Фејсбук страницата се обрати до учесниците на турата и до членовите да не зборуваат јавно за настанот, најавувајќи официјален извештај.

Александар грчки спасувачи Кајмакчалан Калина ОЈО планинари семејства Трансверзалец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.