Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО Скопје: Автобусот на „Дурмо Турс“ не бил технички прегледан по предвидените процедури

0
By Нова ТВ on May 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 12, 2020 13:12

Техничкиот преглед на автобусот на компанијата „Дурмо Турс“, кој беше дел од големата сoобраќајна несреќа во близина на село Ласкарци, не бил реализиран според стандардните процедури. Овој став на денешното рочиште за предметот „Ласкарци”, го изнесе обвинителот Дарко Јакимовски, кој истакна дека „автобусот на 2 јули во 2018 година влегол на технички преглед во 14:16 часот и излегол во 14:18 часот“.

„При технички преглед на овој автобус може да се види дека нема ниту еден контролор во работниот канал. Исто така, може да се види дека автобусот не подлежи на системот на тресење што е дел од една методологија која се применува кај останатите возила. За илустрација може да се види техничкиот преглед на едно патничко возило „Пежо”. Во овој случај се гледа како контролорот влегува во работниот канал со батерија. Воедно оваа возило се тестира и на системот за тресење“, истакна обвинителот Јакимовски.

Одбраната на обвинитетите негодуваше на овој материјален доказ на обвинителство и истиот го оцени како ирелевантен. Свој коментар на овој доказ даде и обвинетиот Боваровски, кој се гледа на видео материјалот како се движи околу автобусот. Тој истакана дека во овој случај станува збор за вонреден технички преглед на возило наменето за јавен транспорт и истиот престанал да важи кога се реализира редовниот техничи преглед за регистрација (18 декември во 2018 година).

„Техничкиот преглед почнува од 14:12 часот. На снимката може да се види како вршам контрола на стаклата, пневматиците и каросеријата на автобусот. Исто така во еден случај се качувам во автобусот и вршам контрола на копитот. Од кога во внесов возилото во компјутер јас влегувам и во каналот од каде се гледа целото подвожје на автобусот. Гледав да не имаа откачени кабли и констатирав дека нема. На крај автобусот минува на нагазна плоча за мерење на кочниците. Прво беше мерена предна кончница. Децидно тврдам дека имаше и мерење на рачна кочница, па после и на ножната кочница“, истакна обвинетиот Боваровски.

Следното рочиште за случајот „Ласкарци” e закажано на 14 мај. Во предметот се обвинети шест лица, меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули. Според скопското обвинителство, обвинетите се товарат за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот. Во големата сообраќајна несреќа загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени.

„Дурмо Турс“ автобус Ласкарци ОЈО Скопје рочиште технички преглед
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.