Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Олимпизам: Медитеранските игри наместо во 2017 година во 2018

0
By Нова ТВ on November 9, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2016 19:58

Финансиските проблеми што дојдоа како последица на политичката криза во Шпанија ги помести и Медитеранските игри за 2018 година. Спортскиот настан првично беше планиран да се одржи наредното лето во Тарагона, но шпански официјални претставници порачаа дека организацијата се поместува за 12 месеци.

Одлуката е донесена со цел да се овозможи повеќе време на официјалните лица и организаторите за вистински начин на реализација на натпреварувањето. Шпанија беше под политичка блокада цели десет месеци, криза што заврши во септември со полагање на заклетва на премиерот Маријано Рахој.

Шпанија ќе биде домаќин на 18. издание на Медитеранските игри на кои е најавено учество на преку 4.000 спортисти од 26 земји. Настанот во 2021 година ќе се одржи во Оран, Алжир.

Медитеранските игри се под окровителството на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). И Македонија е дел од ова спортско натпреварување иако географски не припаѓа на тој регион како и неколку други држави и дебитира на настанот во Мерсин во 2013 година.

Претставници од Африка на Игрите се Алжир, Египет, Либија, Мароко и Тунис, од Азија се Либан и Сирија, од Европа, покрај Македонија, учествуваат и Албанија, Андора, БиХ, Кипар, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Малта, Монако, Србија, Црна Гора, Сан Марино, Словенија, Шпанија, Турција и Косово што беше примено во движењето во 2015 година.

Медитерански игри Олимпизам Тарагона Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.