Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оливер Андонов за ЦИВИЛ: НАТО неминовно мора да ја засили поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија

0
By Marija Todorovska on July 1, 2025 ПОЛИТИКА, ТЕМА
Фото: А. Мехмети / Цивил
Фото: А. Мехмети / Цивил
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вака како што е направен соодносот ние ќе мораме да купуваме вооружување и борбена опрема од надвор, бидејќи не произведуваме самите за да си купиме сами од себе. Тоа значи дека околу 200 милиони евра годишно ќе одвојуваме за купување вооружување заради опремување на армијата. Тоа на прв поглед изгледа убаво да имаме опремена армија, но за нас тоа е незначаен удел ви НАТО. Тоа што ме загрижува во овој аспект е од каде ќе скратиме во буџетот кој и така тешко со позајмици го полниме и второ, отвораме можност за дополнителни јавни набавки со големи суми. Трето прашање е одржувањето на купената борбена и неборбена опрема.

Автор на интервјуто: Драган Мишев

ЦИВИЛ МЕДИА започна серијал  на тема „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и  единството на Алијансата во претстојниот период.

Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ МЕДИА ги сподели Проф. д-р Оливер Андонов, кој предава по предметите Тактика на мировни операции, Национална безбедност и Методика на настава со пешадиско вооружување на катедрата за Безбедност и кризен менаџмент на Воената академија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг?

ОЛИВЕР АНДОНОВ: По самитот ви Хаг можеме да зборуваме најпрво за предизвиците, додека перспективите ќе зависат токму од предизвиците. Најпрво да напоменеме дека НАТО е глобален геополитички воен сојуз. Најпрво поради тоа што носечките скржави членки се големи сили и самите тие претставуваат глобални актери во меѓународните односи.

Оттука, предизвиците за НАТО во многу ќе зависат од политиките на овие држави. Тоа е видливо и во однос на последните случувања со Иран и вмешувањето на САД што значи вмешување на НАТО. Затоа предизвиците ќе ги одредуваат перспективите на НАТО.

Засега јасно можеме да зборуваме за милитаризација на државите членки како перспектива, а видливи предизвици ќе бидат останатите глобални актери како Кина и Русија и секако најинтересно ќе биде да се следат хибридните активности и создавањето на прокси држави во рамките на НАТО. Но сепак, образложението на овој предизвик за НАТО во своите редови да има прокси држави и автократски режими како дел од хибридната војна со Русија и Кина како и економско-финансиските влијанија и прашањата на стратешката инфраструктура за потребите на НАТО бараат поголема елаборација.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои предизвици се соочува иницијативата за зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година?

АНДОНОВ: Токму основниот предизвик кои допрва ќе предизвика ефекти врз односите во НАТО е одлуката за издвојување на 5% од БДП на државите за одбранбени потреби. Тоа беше очекувана одлука и токму врз основ на таа одлука се гледа тенденцијата за милитаризација. Но, основниот “проблем” е во распределбата на тие 5%.

Имено, две третини се предвидени за опремување и вооружување на армиите на земјите членки а една третина за одбранбени способности. Ова вооружување како акцент може да биде во согласност со основата на новиот одбранбен концепт на НАТО “Отпорност и Одвраќање”, и тоа со акцент врз одвраќањето на потенцијалните или видливите непријатели со засилување на воените пред се борбени капацитети на државите.

За нас како мала држава, ова не е поволно решение и можеби требаше да предложиме за економски, територијално и капацитетно помалите-послаби земји членки овие 5% да бидат во обратен сооднос. Доколку Македонија во следните 10 години низ НАТО програмите издвојува 2 /3 за производство во воената индустрија, инфраструктура и логистички објекти тоа ќе ја засили македонската економија и секако државата, бидејќи овие вложувања ќе имаат и цивилна употреба со што ќе се засили отпорноста на населението и државата.

Вака како што е направен соодносот ние ќе мораме да купуваме вооружување и борбена опрема од надвор, бидејќи не произведуваме самите за да си купиме сами од себе. Тоа значи дека околу 200 милиони евра годишно ќе одвојуваме за купување вооружување заради опремување на армијата. Тоа на прв поглед изгледа убаво да имаме опремена армија, но за нас тоа е незначаен удел ви НАТО. Тоа што ме загрижува во овој аспект е од каде ќе скратиме во буџетот кој и така тешко со позајмици го полниме и второ, отвораме можност за дополнителни јавни набавки со големи суми. Трето прашање е одржувањето на купената борбена и неборбена опрема.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали по овој самит може да се очекува поголемо единство на Алијансата во претстојниот период

АНДОНОВ: Единството на алијансата е нарушено низ политичката призма и мислам дека формално е зачувано. Тука во прашање е однесувањето на администрацијата на Трамп во однос на НАТО. Европскиот дел од НАТО е многу повеќе сплотен, но не очекувам генерално дополнителни потреси во меѓусебните односи на сојузниците. Сепак ќе видиме во пракса, посебно низ примерот на Украина и поддршката која НАТО неминовно мора да ја засили во нејзината одбрана од руската агресија.
Текстот е сопственост на ЦивилМедиа
буџет НАТО Оливер Андонов поддршка Русија Украина ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.