Најмалку  82 цивили  се убиени од кои 13 жени и 11 деца во Алепо, а масовни егзекуции се случуваат во домовите, се пука во деца, соопштија од ОН. Владините сили напредуваат кон сите делови на градот, а опозициските борци сега контролираат само обрач од три километри од градот. Во последните 24 часа 7 000 цивили го напуштиле градот, внатре има околу 100 000 цивили.

„Во Алепо умира човечноста“, предупредуваат од организациите за човекови права.

Илјадници луѓе се заробени во источниот дел на Алепо, а Црвениот крст бара да се прекине со бомбардирање, за да излезат цивилите. Родините не можат да стигнат да ги соберат мртвите по улиците.

Спасувачките екипи информираат дека цели семејства се затрупани под урнатините, а тие не можат да стигнат до нив.

„Хуманитарната акција е крајно критична, луѓето се затрупани едни врз други во урнатините. Гранатирањето и бомбите се најголема опасност за цивилите, затоа бараме да се прекине со бомбардирање и да се почитува правопто на живот. После тоа може да зборуваме за што и да е“, изјави Салим Абу Наср, лекар од спасувачките екипи.