Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опасноста за Трамп доаѓа одвнатре

0
By Нова ТВ on September 6, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невозможно е да се одреди моментот кога започнува падот на еден политичар кој е на висока фукција. Но, аналитичарите се согласни дека американскиот претседател Доналд Трамп преживеа катастрофални 48 часа, по кои никогаш повеќе нема да биде истиот.

Без разлика на мислењата за Трамп, за неговото однесување и за неговото претседателствување, во Вашингтон очигледно започнува обид за отповикување на претседателот.

Двата удари му ги зададоа портретирањето на Трамп во текстот во „Њујорк Тајмс“ објавен од негов соработник во Белата куќа и оној во новата книга на новинарот Боб Вудворд, во кои зборовите на високи претставници на администрацијата го кршат митот за Трамп и култот за него- како суетен, експлозивен од кого сите се плашат.

Последниот напад дојде од внатрешен непријател, кој го следи Трамп одблизу, кој говори во името на припадниците на отпорот, кои иако под превезот на анонимност, сепак се осмелија да кажат.

Тие предупредуваат дека претседателот на Соединетите Држави не е само несоодветен да биде најмоќниот човек во светот, туку е мешавина на незнаење и его, тривијалност, омраза и невнимателност што ја загрозуваат и државата и светот.

За сите негови пофали за историски успеси и за сопствената слика како јак човек, луѓето од Белата куќа им порачаа на Американците: Царот е гол.

-Коренот на проблемот е аморалноста на претседателот. Секој што работи со него знае дека не е приврзан за било какви начела што го водат при донесувањето на неговите одлуки, пишува анонимниот висок претставник на администрацијата во колумната во „Њујорк Тајмс“.

Тој  открива дека има дури и разговори меѓу вработените во Кабинетот да се повикаат на 25 амандман за импичмент на претседателот. Вашингтон под водство на Трамп виде се и сешто, но државниот удар би бил нешто многу поголемо.

-Има некој кој работи за претседателот на САД на висока позиција, кој се обидува да го уништи, изјави Мајкл Капуто, поранешен помошник на кампањата на Трамп, за Си- Ен-Ен.

Тешко е да се најде паралела во западната политичка историја за лидер кој преживеал таков удар, бидејќи моќта и стравот што треба да го одржат ваквото челично владеење може многу брзо да го снема во демократките општества, за разлика од автократските држави.

Но, Трамп одамна се спротивставува на предвидувањата за неговото политичко убиство и ги преживеа ударите кои би уништиле кој било од досегашните претседатели. Сепак, ниту еден друг претседател не се соочил со вакви неверојатни лични дискредитации и напади одвнатре како што нему му се случија оваа недела.

Вудворд беше само почеток

Пред ова, Белата куќа веќе доживеа удар од новата книга на новинарот Боб Вудворд “Страв: Трамп во Белата куќа”.

Тој го пренесува длабокиот презир кон претседателот што владее меѓу високите функционери за кои се вели дека го сметаат за “идиот” со основно образование, од кого на светот му треба заштита.

Всушност Вудворд бил само „предјадење“.

„Бомбата“ на Тајмс всушност ги измести администрацијата и претседател од „шините“, а нацијата ја постави во ситуација да биде без стабилен и ефикасен лидер.

-Многумина од високите функционери во неговата сопствена администрација работат внимателно одвнатре за да се спротивстават на делови од неговата агенда и неговите најлоши намери, пишува во колумната високиот претставник на администрацијата.

“Тоа може да биде некакво олеснување во ова хаотично владеење, но Американците треба да знаат дека во куќата има возрасни … и не се работи за тнр. заговор, туку за обезбедување стабилност”.

Целта на колумната беше да се потврдат многу од тврдењата за опасноста од владеењето на претседателот што ги откри Вудворд, сведувајќи ги на минимум напорите на Белата куќа да возврати.

Во Вашингтон веќе се појавија шпекулации за тоа кој е авторот на колумната, најголемиот ваков пишан удар од 1996 година, кога беше објавен романот “Примарни бои”, посветен на Клинтонови, дело на Џо Клајн.

Исто така, се дебатира и околу одлуката на авторот да остане анонимен, и дали треба да се охрабри, да си поднесе оставка и да излезе во јавност.

Што е следно

Двата неверојатни настани всушност отворија прашања кои досега се сметаа за незамисливи: Што ќе се случи ако, како што сега изгледа, Америка нема стабилен, функционален претседател? Дали е можен бунт меѓу неидентификуваните високи функционери што ќе поттикне оставки или би дошло до уривање на структурата на администрацијата?

Ако се обнови дебатата за 25. амандман, на повидок е вистинска уставна криза.

Се разбира, се поставува и прашањето, дали републиканците на Капитол Хил кои му се верни на Трамп ќе се одважат дури и да дискутираат за кризата на компетентност и вознемиреноста што се случува во Белата куќа.

Потоа, тука е прашањето дали оваа криза ќе се одрази на резултатите од изборите за Конгресот што се одржуваат на средина на мандатот на претседателот, при што поразот би можел да ја наруши врската помеѓу Трамп и неговата партија.

Како е да се работи затворен во Западното крило, со гневен претседател, службеници кои работат против него и спектакл на лов на вештерки за да се пронајдат кртовите?

Дали претседателот, гледајќи предавство на секој чекор, ќе отпочне чистка на функционери за кои тој се сомнева дека не можат да бидат лојални на неговата политичка војна, што дополнително ги ситни редовите во Белата куќа?

„Најтемниот час“

Во обид да се справи со својот „најтемен час“ досега, Трамп се појави во Белата куќа сосема смирен и повторно со напади врз медиумот.

-Њујорк тајмс има анонимен уводник – може ли да верувате во тоа? Анонимен – бескорисен уводник, рече Трамп и продолжи да говори за својот неверојатен политички успех, за растечката економија и воена моќ.

Но, набрзо потоа тој се појави на Твитер во сосема поинакво расположение.

-Дали навистина постојат т.нр. “високи административни службеници “или се работи за лажен извор на Њујорк тајмс? Ако оваа анонимна личност – кукавица навистина постои, Тајмс мора, во интерес на национална безбедност, да го предаде веднаш!, напиша Трамп.

Сепак, пожесток напад од Трамп се очекува вечерва, на собирот во Монтана. Тој се надева на топло добредојде од лојалните поддржувачи и дека вестите од Вашингтон можеби нема имаат толку големо влијание во неговата држава.

-Во моето опкружување каде што живеам, во Јужна Каролина, повеќето се многу задоволни од она што го прави претседателот, вели републиканскиот сенатор Линдзи Грем.
Според аналитичарите, и не е далеку од вистината, бидејќи Трамп битката за опстанок на претседателската функција ја води во Вашингтон, против силите кои се обидуваат да го уништат одвнатре.

Извор Си -Ен -Ен

напади Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.