Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Центар: 15 дена рок за Панчевски да ја сруши дивоградбата

0
By Нова ТВ on November 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 17, 2016 11:50

Општина Центар информира дека постапила по забелешките на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за случајот со објектот на улица „Никола Вапцаров“ бр. 6 во сопственост на претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски и неговото семејство.

Од Центар велат забелешките на Комисијата, кои биле од формален карактер, брзо се отстранети од страна на инспекцијата на општина Центар, и повторно е потврдено решението за отстранување на дивоградба од два ката на објектот.

На Панчевски и семејството им се даваат 15 дена рок за рушење.

– Со него (решението) се наредува на инвеститорите В.П. С.П. и Е.С., сите од Скопје, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, да ја отстранат градбата на улица “Никола Вапцаров“ бр. 6. Се бара отстранување на изградените 3-ти и 4-ти кат, како и дел од поткровјето кое е во градба и доградба. Надлежниот градежен инспектор на општина Центар констатирал дека објектот кој е од категорија А2-домување во станбени згради, целосно отстапува од заверениот основен проект за реконструкција и дека се изведуваат градежни работи без одобрение за градење, се вели во соопштението на Центар.

Оттаму дополнуваат дека доколку решението не се спроведе, односно градбата не се отстрани во определениот рок од 15 дена, на 16-тиот ден ќе се пристапи присилно административно извршување.

Панчевски и семејството во текот  јули, август и септември, како соизвршители – инвеститори, без одобрение за градење, надградиле два ката на постоечка зграда во строгиот центар на Скопје, со вкупна површина од 551,86 м2.

Второстепената државна комисија, по жалбата на инвеститорите го поништи првостепеното решение и го врати на повторна постапка а за тоа најави и тужба за обесштетување.

Адвокатот на Панчевски во оваа постапка, Благоја Пеповски, вели во моментов не може да ја коментира одлуката на Центар бидејќи го немал добиено решението.

Владимир Панчевски дивоградба Општина Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.