Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орбан на листата на непријатели на „Репортери без граници“

0
By Ivana on July 5, 2021 СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 5, 2021 14:19

„Репортери без граници“ за првпат вклучија шеф на влада на земја-членка на Европската унија на својата листа на „непријатели на слободата на медиумите“. Па така, на списокот се најде унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Откако Виктор Орбан и неговата партија Фидеш дојдоа на власт во 2010 година, тие ги ставија медиумите под нивна контрола чекор по чекор“, објавија од организацијата.

„Јавните медиуми се централизирани преку државниот медиумски холдинг МТВА, кој во себе ја вклучува и единствената унгарска новинска агенција МТИ“, соопштија „Репортери без граници“.

„Регионалниот печат е во целосна сопственост на бизнисмени кои се пријателски расположени кон Орбан, од летото 2017 година. Во есента 2018 година, скоро 500 провладини медиумски компании се споија во холдинг компанија за централно координирање на нивното известување“, се додава во соопштението.

На списокот „непријатели на слободата на медиумите“ сега се наоѓаат 37 шефови на држави и влади, кои се оценети дека ја сузбиваат слободата на печатот.

Нов на списокот, заедно со Орбан, е и бразилскиот претседател Болсонеро, кој постојано има апели против медиумите, како и саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, кого го обвинуваат за злосторства против човештвото, вклучително и за убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Нова на листата е и лидерот на Хонг Конг, Кери Лам. „Во специјалниот административен регион во Кина, весникот„ Епл дејли“, симбол на слободата на печатот, мораше да се затвори во јуни“, додаваат оттаму.

„Репортери без граници“ ја објавува својата листа на „непријатели на слободата на медиумите“ од 2001 година.

листа непријатели Орбан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.