Будимпешта: Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави свикување на Советот за одбрана и изрази загриженост за можното продолжување на конфликтот во Украина.
Воените акции во последните денови укажуваат дека војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме на почетокот на годината. Мора да бидеме подготвени војната да се одолговлекува, со сите последици за безбедноста и економијата, напиша Орбан на социјалните мрежи.
Истакна дека моменталната ситуација покажува значителен јаз помеѓу мировните напори иницирани од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и намерите на лидерите во Брисел и Киев, кои сакаат да продолжат со воените акции во Украина.