Демократската партија на Албанците (ДПА) на состанок на Централното претседателство во Тетово формира осум нови партиските оддели и 22 комисии и избра нивни претседатели за заокружување на организациската екипираност пред кампањата за предвремените парламентарни избори на 12 април.
За евентуални предизборни коалиции, потпретседателката Фатмире Исаку истакна дека партијата останува на ставот даден преку изјавата на претседателот Мендух Тачи во декември дека со останатите партии од албанскиот политички блок нема основа за соработка.
„Во моментов немаме некаква сериозна понуда, па ќе видиме во наредните денови“, беше краткиот одговор на Исаку.
ДПА формира оддел за социјални прашања, за здравство и рурален развој, за надворешна политика, правен оддел, оддел за образование, култура, млади и спорт, оддел за надворешни односи, економски оддел, оддел за односи со јавноста и организациски оддел.