Импозантен споменик од гранит, подигнат во спомен на жртвите од нападите на 11 септември, бил осквернавен од страна на вандали кои на него напишале „Талибанци“, објави Асошиејтед прес, повикувајќи се на локалните власти. Споменикот, кој се наоѓа во деловниот кварт на градот Гринвил, се состои од две кули, а секоја тежи речиси два тона.

„Полицијата го истражува вандализмот извршен вчера наутро. Проценка на штетата се очекува подоцна денеска”, изјави Пол Николс, основач и извршен директор на компанијата што го подигна спомен обележјето, Upstate Granite Solutions.

„Овој споменик е израз на нашата загриженост и нашата поддршка за нашите воени, спасувачки и итни служби, и има за цел да им покаже на луѓето дека има зошто да веруваат во Америка”, рече Николс.