Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Ако нема датум од ЕУ, ќе има последици по Договорот

1
By Нова ТВ on June 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 24, 2018 16:49

Недобивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, би предизвикало разочарување, но и последици врз имплементацијата на Договорот и врз исходот од референдумот, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, пренесеува МИА.

Во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Realnews“, Османи вели дека доколку на претстојниот Самит на ЕУ не се донесе одлука за почеток на пристапни преговори ќе се разочараат сите што учествуваа во процесот и од двете страни, но, „уште поважно е разочарувањето што ќе се создаде кај политичките сили кои позитивно го третираа договорот и во двете земји“.

– Сигурно ќе биде огромно уназадување во врска со дополнителното имплементирање на договорот, ставајќи го во опасност исходот од референдумот и дополнително ќе ја ризикува поддршката за предвидените уставни промени итн. Нашата земја е важен партнер за ЕУ во областите како што се безбедноста, управувањето со мигрантската криза и справување со терористичките закани, а задоцнувањето на европската перспектива може да предизвика едно огромно назадување и во овие области, вели Османи.

Вицепремиерот за евроинтеграции, запрашан за референдумот, вели дека и тој е поврзан со европската интеграција на земјата, но е убеден дека ќе има успех.

– Постои силна динамика за да имаме огромен, и би сакал да додадам, убедлив успех на референдумот на есен. Сепак, сите инволвирани страни, нашите соседи, земјите членки на ЕУ, НАТО, треба да останат на позитивната патека и да ја потврдат интегративната перспектива на земјата во ЕУ и НАТО што е во корелација со волјата на изборното тело и е најсилниот застапник на успехот на референдумот, објаснува вицепремиерот во интервјуто за грчкиот весник.

Во однос на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, веројатноста опозицијата да има промена на позицијата и сценариото за предвремени парламентарни избори, Османи вели дека за ДУИ изборите би имале позитивен резултат во однос на парламентарната моќ, но се малку очекуван чекор во однос на успешната интеграција во ЕУ и НАТО.

– Ние, како Влада и политичко мнозинство, имаме волја и решителност да ги преземеме сите неопходни политички одлуки и да ги направиме чекорите што се поврзани со успехот на процесот. Сигурни сме дека волјата на мнозинството од народот ќе влијае врз однесувањето на мнозинството пратеници, што ќе гласа во интерес на народот и на земјата, вели вицепремиерот, пренесе МИА.

Османи вели дека имплементацијата на Договорот ќе има позитивно влијание врз двете земји и изразува надеж дека „Грција ќе стане нашиот најголем сојузник, нашиот најголем поддржувач за интеграција на нашата земја во ЕУ и НАТО“.

– По Договорот, искрено се надевам дека двете држави ќе започнат да градат атмосфера на добрососедство, која очекувам на секој начин да се прошири на народите од двете земји. Освен тоа, сигурен сум дека ќе има важен напредок во двете економии во однос на зголемувањето на трговијата, на инвестициите, туризмот итн, објаснува Бујар Османи во интервјуто за „Realnews“. 

Бујар Османи датум Договор со Грција ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.