Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ќе оди во посета на Република Турција заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. Посетата е во својство на шеф на дипломатијата на Македонија како земја претседавач со ОБСЕ.
За време на посетата Османи ќе има работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во кои животот го загубија повеќе десетици илјади луѓе, стотици илјади се повредени, а во погодените подрачја целосно е уништена инфраструктурата што доведува до дополнителни тешкотии за достава на хуманитарна помош, храна и вода за преживеаните.
Како што јави прес-службата на МНР, посетата е во насока на поддршка на напорите за зголемување хуманитарната помош од земјите учеснички и фондовите на ОБСЕ кои се за оваа намена.