Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи до дијаспората: Работиме на услови за кој сака да се врати во земјава

0
By Sashko on July 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 22, 2021 21:59

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска беше домаќин на македонските граѓани кои живеат во странство, а летните одмори ги минуваат во земјава. Како што соопшти МНР, на приемот министерот упати благодарност до дијаспората за нивниот придонес во пренесување на позитивната порака и слика за нашата држава, како и придонесот за целокупниот економски и општествен развој на Северна Македонија.

– Се работи за огромен потенцијал на млади и образовани кадри, кои се најдобри во своите професии и за чие знаење и вештини има потреба средината од каде потекнуваат и на која редовно се враќаат, нагласи Османи.

На приемот, министерот ги запозна гостите со многубројните проекти на Министерството за надворешни работи, каде се префрлени целокупните надлежности поврзани со дијаспората како што се фиксните базни станици за издавање на патни исправи, со што значително ќе се скрати постапката, проектот на дигитализација на голем дел од конзуларните услуги, тн. Е-конзулат, реактивирање на финансиската поддршка за проекти од дијаспората, кое беше прекинато поради пандемијата, формирање на парламентарна група за соработка со дијаспората, анализа за потребата за донесување на закон за дијаспора и други.

Во соопштението се дополнува дека до одлуката за донесување на закон, во меѓувреме ќе се издаде Бела книга, каде детално би се наброиле погодностите кои се нудат на дијаспората, а кои не се систематски обработени во еден документ.

Министерот Османи порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата, посочувајќи меѓу другото и на проектот МКарта, како признание и потврда за истакнати личности и поединци кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажуваат истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на Северна Македонија во странство.

Бујар Османи дијаспора Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.