Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи на вонреден состанокот на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО

0
By Biljana on August 20, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 21:20

Состанокот се одржа преку видео-конференција и беше посветен на состојбите во Авганистан.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на вонредниот состанок на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи.

Во дискусијата биле разменети мислења и консултации во врска со улогата и идните активности на НАТО по последните случувања во Авганистан.

„Од страна на министрите, како приоритетна беше истакната потребата од натамошна забрзана евакуација на граѓаните на земјите-членки и партнери, како и авганистанските граѓани кои беа ангжирани од страна на НАТО и други меѓународни организации во изминатите 20 години и сакаат да ја напуштат земјата, со што би се елиминирани потенцијалните закани од ескалација на хуманитарната криза. Во таа насока, Министерот информираше и за одлуката на Владата за времено прифаќање на цивили од Авганистан, кои биле дел од хуманитарни мисии и соработувале со НАТО сојузниците“, информираат од МНР.

Во дискусиите биле искажани очекувања дека Талибанците ќе се придржуваат кон преземените обврски и нема да дозволат поддршка на меѓународниот тероризам, додека во земјата ќе обезбедат подеднакви човечки права за сите граѓани. Во спротивно ќе се соочат со санкции и меѓународна изолација.

Министерот Османи се заложил фокусот на Алијансата и понатаму да биде ставен врз хуманитарниот аспект и како примарна ја издвоил потребата за продолжување на операцијата за евакуација.

„Во тесна координација со сојузниците, успеавме да ги евакуираме нашите државјани од Авганистан, за што сакам да ви се заблагодарам за помошта. Сеуште мислиме дека ова треба да биде нашата примарна мисија, да обезбедиме сигурно заминување на сите наши граѓани од Авганистан. Евакуацијата на локалниот авганистански персонал и нивните семејства кои работеа со нас во изминатите 20 години е подеднакво значајна“, истакна Османи.

Што се однесува до идните ангажмани на Алијансата, Османи, се заложил фокусот да биде ставен врз справувањето со заканите од поттикнување на меѓународниот тероризам од Авганистан, како и обезбедување подеднакви права за авганистанските граѓани.

Авганистан Бујар Османи НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.