Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Спорот со Бугарија се користи за дневна политика во предизборието во двете земји

0
By Sashko on October 29, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: europeanwesternbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најважно е преговорите со ЕУ да почнат во најскор можен рок, до крајот на оваа година. Тоа е суштински важно и во интерес не само за нас, туку за целиот регион, за ЕУ, па и за Република Бугарија. Надминувањето на разликите со Софија е еден процес чија рамка ја дава Договорот за пријателство од 2017 година. Но, изборите во двете земји не придонесуваат за решение, оцени денеска шефот на дипломатијата, Бујар Османи.  

Тој изрази жалење што не се успеа до завршницата на изборниот процес и кај нас и во Бугарија да биде заштитено ова прашање од дневнополитичките напади и од киднапирањето на оваа тема во дневната политика во двете земји, бидејќи, вели, никогаш изборите не придонесуваат за решавање на вакви теми.

Ние мора да најдеме начин да ги почнеме преговорите во најскор можен рок и мене ми е задоволство што вчера Ескобар, па и други претставници од ЕУ алармирааат дека имаме сериозен проблем во регионот и дека не може ова прашање да ја држи во заложништво стабилноста и европската перспектива на целиот регион. Вториот дел како ќе ги надминеме разликите, тоа е еден процес, процес чија рамка ја дава договорот од 2017 година, преку комисијата. Оваа промена во пристапот од бугарската страна мислам дека е еден процес на саморефлектирање. Уште не можам да ги проценам намерите, бидејќи заради изборите немавме и редовна комуникација за да размениме ставови и прашања, меѓутоа јас се обидувам да го наметнам тоа размислување дека не можете никому да наметнете право на самоидентификација или да му забраните ниту пак да наметнете апсолутна вистина. Државата тоа мора да го гарантира на сите граѓани прво на Македонците, мнозинска заедница, на Албанците, Турците, Ромите, па и на Бугарите тие што се чувствуваат така да имаат право да се самоопределат и да си ги манифестираат своите културни атрибути. Државата ниту до сега има забрането, ниту од сега треба да забрани таква можност и слобода за самоидентификација на граѓаните, вели Османи на новинарско прашање по партиската прес-конференција во седиштето на неговата матична партија ДУИ. 

Османи нагласи дека меѓу двете влади се разговара само за прашања кои до сега се презентирани со пакетот од пет точки за кои очекува да има средба во втората половина на ноември. Но, писмено барање за внесување на Бугарите во Уставот, вели, досега не сме добиле. 

Тоа единствено се надоврзува на изјавата на претседателот Радев во Словенија, меѓутоа во формалната комуникација, во комуникацијата која што се разменува преку ноти, која што се разменува на формални состаноци се разговара за петте прашања и се разбира нашето прашање, а тоа е условеноста на тие пет прашања со зелено светло за започнување на пристапните преговори со ЕУ. И затоа мора да ги разделиме формалните разговори од ова што ние повеќе во еден слободен разговор ги наметнуваме како идеи за надминување на разликите, посочува Османи. 

Запрашан за упатување на барање за реципроцитет по однос на македонското малцинство, тој вели, ја разбира потребата од реципроцитет и природен инсинкт е две суверени држави да комуницираат врз основа на реципроцитет и го повтори појаснувањето дека уставното уредување во Бугарија не признава организирање на граѓаните по етничка основа. За индивидуалните прашања, рече, надлежен е Советот на Европа и Судот за човекови права во Стразбур којшто постапува и ќе продолжи да постапува.

Нагласи и дека никој досега во земјава не пријавил случај на дискриминација по основ на етничката припадност. Албанците, рече, минале низ едно такво ограничување, но Рамковниот договор го овозможи, го адаптираше Уставот за државата да може да биде инклузивна и да ги прифати сите етнички заедници. Изјавите од овој тип во соседна Бугарија тој ги смести во функција на предизборниот процес. 

Средбите на претставници на бугарски здуженија од земјава со политичари во Бугарија, според Османи е во контекст на политизирање и во контекст на изборниот процес.

Но доколку, и како припадник на заедница која што еве минала низ такви ситуации на ограничување на можност за самоизразување, јас можам да бидам каналот за да ги изразат тие поплаки за да може еднаш засекогаш да ги демитологизира таквите ставови коишто сега се користат во политички изборен процес, вели Османи.

Во однос на Комсијата за историски прашања смета дека дискурсот е во рамки на предизборниот амбиент. Информира дека досега не е поднесена формална оставка од членот од македонскиот тим на Заедничката историска комисија, Ванчо Ѓоргиев.

Јас имам право да го прекинам договорот врз основа на тоа јавно искажување, меѓутоа, сепак, очекувам да поднесе и формално барање, сепак да се образложи причината  итн. за да потоа одиме кон избор на нов член, рече Османи. 

Во однос на случајот со бугарското државјанство кое наводно го има Данела Арсовска, како еден од кандидатите за градоначалник на Скопје, шефот на дипломатијата рече дека во овој случај нема законско ограничување за тоа, а проблемот е од етичка природа поради нетранспарентноста.

„Бугарското или било кое друго државјанство се додека не е законска пречка за учество на избори не може ниту да биде проблем. Меѓутоа нетранспарентноста на еден кандидат може да биде многу поголем и посериозен проблем отколку дали има државјанство доколу е тоа законски дозволено. Меѓутоа и ова прашање сигурно ќе направи штета затоа што ќе даде аргумент на тие коишто претендираат дека во Република Северна Македонија доколку граѓаните се самоидентификуват, самопредлат имаат пречки потоа во општествениот живот“, смета Бујар Османи.

Бугарија Бујар Османи избори Македонија спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.