Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Топката е кај Брисел и Софија

0
By НОВА ТВ on August 31, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 31, 2021 13:46

Прашањето за започнување превоговори не е наше прашање, туку е прашање за Европската Унија што ќе прави со овој процес, што ќе прави со регионот. Дали ќе го зачува кредибилитетот на овој процес. Треба да се дадат јасни пораки по однос на регионот. Јас ги знам пораките, бидејќи 26 земји членки се разочарани за ова што се случува и знаат дека Северна Македонија заслужува веднаш да ги почне преговорите, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, во одговор на прашањето колку се реални очекувањата за напредок во ситуацијата со Бугарија.

Османи потсети дека состојбата во Бугарија на политички план е непредвидлива, се оди на трет циклус на избори и во овој момент е важно да не се прекине комуникацијата со Софија.

– Тоа што можеме во овој контекст да го направиме е да продолжиме со комуникацијата, со цел да не направиме комплетно прекинување на комуникацијата и тоа го правиме. Во петокот имав разговор со министерот, договоривме нова динамика на контакти на експертско ниво, меѓутоа дали ќе има одлука без политичка влада се покажа дека не е така лесно, но тоа што можеме ние да направиме како Влада се овие три патеки – продолжуваме со реформи дома, продолжуваме комуникација со нашите партнери, за да ги објасниме нашите позиции, продолжуваме комуникација со Бугарија за да изнајдеме решение, рече Османи.

Министерот истакна дека во однос на ЕУ е важно ние во ниту еден момент да не ја намалиме динамиката на подготвување на државата за членство во ЕУ, бидејки прашањето дали ќе бидеме членка одамна е апсолвирано.

– Прашањето е кога ќе бидеме членка. Не смее менувањето на политичкиот контекст во Европската Унија, во регионот, во нашето соседство, да не најде неподготвени. Тоа е една фиксна константа по којашто мора да се водиме. Реформите мора да продолжат дури и со поголем интензитет.  Гледам дека тоа разочарување се одразува и во администрацијата и во државната служба, но мора да го вратиме ентузијазмот, бидејќи прво, реформите ги правиме за нашите граѓани, второ, ќе дојде момент кога ќе се деблокира процесот, како што претходно се деблокираше за НАТО, истакна Османи.

Министерот, посочи оти очигледно е дека топката не е во нашиот двор, туку топката е во Брисел и во Софија.

Брисел Османи Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.