Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи:Заслужуваме повеќе од која било земја да ги започнеме преговорите со ЕУ

0
By Нова ТВ on March 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Очекуваме дека ќе го добиеме еден од најдобрите извештаи на Европската комисија од досега добиените и ќе добиеме кристално чиста препорака, а земјите-членки треба да ја одобрат. Во услови кога европската идеја е се повеќе нападната, оспорена и загрозена, Република Северна Македонија направи преродба на нејзините основни принципи, едноставно таа е еден остров на Балканот кој ја преродува и заслужува повеќе од кога било и од кој било да почне овој процес“ рече на прес конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Аргументите на Франција дека Европа треба прво да се продлабочи пред да се прошири, ние го објаснуваме со фактот дека ние не бараме утре да влеземе во ЕУ, и сметаме дека додека Западниот Балкан се подготвува за членство,  ЕУ има време да се продлабочи рече Османи.

Извештајот на Европската комисија се очекува да биде објавен на  29 мај. До тогаш земјава ќе биде концентрирана на предизборна кампања, но ова не значи дека  нема да се продолжи со реформите за да се постигнат стандардите и критериумите што ги бара ЕУ, рече Османи.

Османи наведе дека е добра одлуката на ЕУ, Извештајот да не се објавува  во април, затоа што сметаат дека со објавувањето на неговата содржина во предизборна атмосфера би можело да се предизвика голем притисок, имајќи предвид дека во некои земји-членки не е многу популарно проширувањето на ЕУ, проширувањето со Западен Балкан.

„ Ако хипотетички извештајот биде на 29 мај, одлуката на Советот на министрите е на 19 јуни, што значи вкупно 20 дена, а сите 28 земји тој извештај од ЕУ треба да го одобрат и да заземат политички став дали ќе го поддржат. Очекуваме дека ќе го добиеме еден од најдобрите извештаи од досега добиените и ќе добиеме кристално чиста препорака, а земјите-членки треба да ја одобрат. Во другите земји-членки процедурата е пократка освен во Германија и во Холандија, каде нивните парламенти треба да ја донеат одлуката, а дотогаш претставниците на владите во Советот не можат да имаат став. Ако една земја-членка нема став, бидејќи одлуката е консензуална мора сите да кажат „да“ за почеток на преговори за да има одлука, рече Османи.

„Ако се пролонгира објавувањето на Извештајот по јуни, тоа  може да се сфати како лоша порака тука внатре, да создаде внатрешни фрустрации, да ги обесхрабри земјите од регионот, да го следат нашиот пат, меѓутоа да ја комплицира ситуацијата“ наведе Осамни.

Тој заедно  министерот за надворешни работи Никола Димитров на 10 април ќе одат во Бундестагот, за да објаснат колку е важно за државава да има одлука.

„ Ја преродивме европската идеја дека само со соработка меѓу соседите ќе се постигне одржлив мир. Ние тоа го направивме со Договорот со Бугарија и со Грција и сме единствената земја во регионот која нема ниту едно отворено прашање со сите пет соседи. Ние денеска може да имаме меѓувладини седници со која било од петте наши соседи и на агендата нема да има ниту едно прашање кое би било решавање на проблем.

Двете големи етнички заедници кои пред само 18 години беа во војна денеска имаат заеднички кандидат за претседател на државата. Ако ја гледаме големата слика каде бевме пред 18 години и каде сме сега, тоа е преродба. Имаме над 95 проценти хармонизација со надворешната безбедносна политика на ЕУ. Само минатата година спречивме 17.000 нелегални обиди на мигранти да влезат во ЕУ, рече Османи.

За борбата против корупцијата, Османи кажа дека се создале три институции Антикорупциската комисија Антикоруциското специјално обвинителство и Координативното тело за борба против организиран и сериозен криминал, кои покажаа резултати, а за безбедносните реформи дека се формирани новата агенција ОТА, а се подготвува и нов Закон за УБК.

Во однос на изборите, Османи наведе дека фер и демократско спроведување на изборите е многу важно не заради тоа кој ќе биде претседател на државата, туку заради тоа што се случуваат во последниот месец пред да се донесе одлуката на Советот на министри на ЕУ, рече Османи.

 

Бујар Османи Извештај реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.