Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основно Обвинителство:Од СЈО не добивме релевантни информации за Крпач

0
By Нова ТВ on May 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 6, 2016 13:48

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска соопшти дека презема дејствија за расветлување на причините за смртта на Коста Крпач. Според нив, Специјалното јавно обвинителство од кео беше побарно да достави информации, не доставило ниту еден доказ или било каква релевантна информација во врска со случајот.

„Неопходно е да истакнеме дека од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите не е доставен ниту еден доказ ниту пак било каква релевантна информација во таа насока, но и покрај тоа Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува да го истражува случајот.

Издадени се голем број наредби за вршење вештачења, анализи, прибирање податоци и документација. Во тек е повикување и се извршуваат разговори со лица за кои може да се очекува дека имаат одредени податоци за расветлување на настанот. Се преземаат и други истражни дејствија кои се во тек.

Основното јавно обвинителство – Скопје ќе продолжи со преземање дејствија. Соработува и ќе соработува со сите институции во насока на откривање и гонење на сторителите на кривични дела. Веднаш штом ќе се добијат конкретни податоци за случајот, јавноста ќе биде известена.​“  се вели во соопштението.

Претходно од Специјалното јавно обвинителство соопштија дека го прифатиле барањето и до ОЈО доставиле допис во кој споделиле податоци кои можат да придонесат во расчистување на околностите под кои настапила смртта на Крпач.

-Сепак, информациите и списите кои беа барани, а кои не се поврзани со испитување на околностите под кои настапила  смртта на лицето Коста Крпач, не се споделени со Основното јавно обвинителство Скопје, бидејќи истите се дел од предистражна постапка пред ова Јавно обвинителство која е во тек, велат од СЈО.

Коста Крпач (40) беше пронајден починат во својата спална соба, со прострелан рана во градниот кош.

Пред да настане смртта, тој испукал три куршуми во возило паркирано пред неговата зграда, кое било во сопственост на фирма за пиротехника „Огнометика“. Комбето било празно, а според МВР од се уште неразјаснети причини Крпач рафално ги испукал куршумите кон возилото.

Коста Крпач бил сведок нa Специјалното обвинителство, а неговото име се најде и на списокот на колективната аболиција на Иванов. До денеска, претседателот одбива да соопшти зошто ова лице е помилувано, иако против него СЈо тврди дека не се водела постапка, туку тој имал својство на сведок.

 

 

 

Крпач ОЈО СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.