Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осомничените за субвенциите втор пат се судираат со законот

0
By Нова ТВ on October 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 5, 2017 15:35

Соња Поповска, вработена како Раководител на одделение за координација на подрачните единици во регионот Гевгелија,  Елена Олумчева од Богданци, Државен инспектор во Државен инспекторат за земјоделство, Гордана Матева од Валандово, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на Министерството во П.Е Валандово, Митко Велков  од Гевгелија, соработник  за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на МЗШВ во подрачна единица Гевгелија и Владимир Столевски од Скопје, референт за административни работи во Подрачна Единица Кисела Вода на МЗВШ, се приведените лица од акцијата која МВР денеска ја спроведе за злоупотреба на државни субвенции.

Во акцијата спроведена во Скопје, Тетово, Гевгелија и Валандово, опфатени се 24 лица против кои е покрената истражна постапка за постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик и се сомничат за незаконско работење со кое нанеле штета на Буџетот на Република Македонија во износ од околу 220.000 евра.

Како што има објавено порталот „Призма“, на правното лице ДЗПТУ Дедема Плус Дооел Скопје чии управител е 34-годишниот З.Д од Скопје, му биле доделени 2 решенија за субвенции во износ од 12.6 илјади евра.

Фирмата ДПТУ Агро Проџек Велјанови Дооел, чиј управител е С.В од Скопје, 48 години, исто така добила две решенија во износ од 9.3 илјади евра.

На Агро Лезет Доо, чиј управител е турскиот државјанин Х.Л.Д и биле доделени пет решенија за субвенции во износ од 50 илјади евра, додека на Агро Проџек Рамака Дооел Гевгелија, чиј управител е Р.В, 26 години, доделени и биле 2две решенија во износ од 5 илјади евра.

Ова не е прв пат осомничените да се судрат со законот. Во 2014 година, Основното јавно обвинителство поднело кривични пријави за злоупотреба на службена должност и за Велков и за Матева, како и за сите правни лица погоре споменати како дел од злоупотребата.

Основаното сомнение е дека во периодот од 2011 година до 2016 година осомничените службени лица ја искористиле својата службена положба или овластување и ги пречекориле границите на своите службени овластувања при склучување и раскинување на Договори за закуп на земјоделско земјиште.

При преземањето на незаконитите дејствија биле помогнати од останатите осомничени. Во исто време, одобрувале исплата по Програмата за финансиска подршка во земјоделството – субвенции, на кој начин прибавиле корист за повеќе правни и физички лица на штета на Буџетот на Република Македонија.

злоупотреба на службена должност ОЈО осомничени субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.