Предраг Самарџиски нема да менува клупска средина во ова лето. Македонскиот кошаркарски центар останува во Мега Бемакс и за наредната сезона, откако двете страни најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.

Првиот договор со екипата од Сремска Митровица, Самарџиски го потпиша во 2015 година. Лани ја прифати понудата на Бујукчекмече и по периодот минат во Турција реши да се врати во екипата на Мега. Поради повреда на коленото пропушти дел од сезоната, а по рехабилитацијата заигра дури во финишот во АБА лигата.

Во српската Суперлига играше во просек по 12,9 минути со ефект од 4,1 поени и 3,2 скока по натпревар.

Самарџиски во кариерата има настапувано и за Партизан, за ФМП, за Олин Едирне, за Литвос Ритас, за Црвена звезда, за Мерсин, за ТЕД Анкара и МЗТ Скопје Аеродром.