Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осудените во „Монструм“ и пред Врховен се изјаснија за невини

1
By Нова ТВ on October 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 3, 2017 13:49

Во Врховниот суд денеска се одржува јавна седница за случајот „Монструм“ на која се разгледуваат жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд, а ги потврди и Апелацискиот.

Осудените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро кои и во текот на постапката пред Основен суд и пред Апелација, тврдеа дека се невини, на денешната јавна седница во Врховниот суд повторно ги отфрлија обвинувањата.

Според одбраната, нема докази дека осудените го сториле кривичното, а пресудите се неправични и пристрасни. Адвокатите имаат забелешки и на сведочењето на заштитениот сведок, кое, спроед нив е контрадикоторно. Посочија и дека според судското вештачење, времето на смртта на жртвите не можело прецизно да се утврди, а сведоците не ги препознале обвинетите.

Еден од адвокатите на обвинетите, Ѓорѓи Настевски, појаснувајќи ја жалбата нагласи дека судот не прифатил повеќе факти за кои тие како бранители сметаат дека ќе влијаат на пресудата односно дека ќе се докаже нивната невиност. Тој меѓу другото наведе дека со дел од доказите за чаурите од испукануте куршуми пронајдени на местото на убиството и возилото кое е вештачено, не се докажува вината на обвинетите, односно дека не постои доказ дека тие се сторители на делото.

Адвокатот Насер Рауфи обвини дека е извршено монтирање на кривичното дело, а како доказ за тоа тој го посочи заштитениот сведок Е1 кој изнел, како што рече, контрадикторни докази во повеќе наврати од сослушувањето. Тој поочи и дека според судското вештачење, времето на смртта на жртвите не можело прецизно да се утврди, а сведоците не ги препознале обвинетите.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор се осудени Алил Демири, Африм и Аѓим Исмаиловиќ и Езим и Хаќи Азири и Самил Љута. Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, веднаш пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефановски.

Врховен суд јавна седница Монструм обвинети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.