Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отсуството на пратениците ја блокира расправата за 35.000 амандмани

0
By Нова ТВ on February 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ни по вчерашната координација на парламентарните групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери за тоа, нема конкретен одговор кога ќе се одржи собраниската седница за разгледувањето на 35 илјади амандмани поднесени од ВМРО ДПМНЕ на Законот за употреба на јазиците.

Неофицијално, единствена причина што оваа седница не се закажува е отсуството на многу пратеници од мнозинството.

Засега никој не попушта од своите позиции, власта ќе проба да ги искористи деловничките одредби кои предвидуваат да се отфрлат дел од амандманите, а ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта сака насилно да го донесе законот со кршење на собранискиот Деловник.

Ниту еден од координаторите не кажува можен датум кога би се одржала расправата.

И од власта и од опозицијата велат дека само со политички договор може да се деблокира седницата за Законот за употреба на јазиците.

Според нив, од Џафери и неговото толкувањето на Деловникот зависи моделот како ќе се води раправата. Моделот кој најмногу „држи“ е тој на спојување на амандманите по членови, односно заедничка дискусија за сличните амандмани.

Предлог- законот за употреба на јазиците, при првото и второто читање не претрпе никакви промени, а во  додека во амандманската фаза и покрај ограничената расправа во матичната Комисија, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои тогаш предложија над 80 амандмани, не учествуваа во нивната елаборација, поради бојкотот на работата на Собранието.

Законот за јазиците беше усвоен на 11 јануари со 69 гласови за, ниту еден против и само еден воздржан при гласањето со Бадентерово мнозинство.

Но, на 17 јануари, Иванов оцени дека законот го загрозува унитарниот карактер на државата и се коси со Уставот, па не го потпиша указот.

На 28 јануари, ВМРО-ДПМНЕ предложи над 35 илјади амандмани за констатациите на Иванов.

По ова, на Собранието му беа потребни повеќе од две недели за преведување и техничко прилагодување на амандманите.

Не се исклучува можноста судбината на законот да биде дел од агендата на работните групи меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ каде се разговара за национален консензус за реформските закони.

На координација било договорено да се одржи седница за пратенички прашања на 22 февруари, четврток.

За денеска се закажани две седници, на едната на дневен ред се само измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување по скратена постапка, а на втората се 21 точки, меѓу кои се и изборот на потпретседатели на Собранието и дел од реформските закони, измените на законите за судови, за укажувачи и за Народниот правобранител во второ читање. Наредната собраниска седница е закажана за 5 март, на која што на дневен ред се 53 точки.

Ако владејачката коалиција успее да собере кворум, бидејќи неколку пратеници се на службено патување, една пратеничка е повредена и друга на породилно отсуство, денеска може да бидат избрани и потпретседателите на Собранието, за што се предложени Фросина Ременски (СДСМ), Горан Мисовски (НСДП), и Весел Мемеди (НДП).

блокада закон за јазиците координација политички договор Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.