Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен Балкан во затвор во Комисијата за надворешна политика

0
By Соња Крамарска on September 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На лидерската средба на земјите од иницијативата Западен Балкан, што пред неколку месеци се одржа во Тирана, беа потпишани Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан и Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. Со овие договори им се овозможува на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји.
Слободното движење и работа во секоја од трите држави ќе бидат ефективни откако договорите ќе бидат ратификувани во парламентите на Северна Македонија, Албанија и Србија.

Меѓутоа, како и сè друго и овие можности за граѓаните станаа жртва на внатрешно-политичките конфронтации. Комисијата за надворешна политика што ја води пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, тактизира со давањето зелено светло за овие важни проекти кои ги засегаат граѓаните.

За да бидат ратификувани кај нас, договорите прво треба да бидат ставени на дневен ред на седница на Комисијата за надворешни работи на Собранието.

Владата, веќе реагира на оваа најнова блокада.

„Владата очекува оваа собраниска комисија итно да ги стави на дневен ред овие протоколи и договори бидејќи граѓаните и бизнисите го очекуваат падот на работните дозволи меѓу трите држави од Отворен Балкан со цел побрз проток на луѓе и услуги, поголема регионална соработка и побрз економски развој“, изјави владиниот портпарол, Душко Арсовски за НоваТВ.

Во меѓувреме, трите влади ги усогласија и протоколите за двата договори, кои ќе бидат потпишани веднаш по ратификацијата, со што граѓаните ќе се стекнат со можностите што ги нудат двата договори, откако беа завршени сите технички усогласувања на ниво на е-услуги.

Лидерите на трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, тогашниот премиер на Македонија, Зоран Заев, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија и домаќин на самитот во Тирана Еди Рама, потпишаа пет договори кои беа најавени на промоцијата на „Отворен Балкан“ во Скопје, меѓу кои и двата кои чекаат на ратификација во македонскиот парламент со што ќе се подигне нивото на соработка меѓу трите земји членки.

Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан ќе им овозможи на граѓаните од трите земји слободно да се движат и да работат во земјите потписнички на договорот. Со одредбите од договорот се поедноставуваат процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Унијата.

Со Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација, пак, граѓаните од Македонија, Албанија и Србија добиваат пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање на електронска идентификација „Отворен Балкан“ за да имаат директен увид во пазарот на труд во трите земји, или просто кажано во огласите за вработување, како и за други услуги од сферата на бизнисот.

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, денеска во неколку наврати беше контактиран од нашата редакција за изјава за тоа прашање, но не одговори.

Пратеникот од СДСМ Талески бара од својот колега од ВМРО-ДПМНЕ итно да ја свика комисијата за да даде зелено светло за ратификација

Во меѓувреме, пратеникот од СДСМ Миле Талески, денес побара од Милошоски итно да закаже седница на Комисијата и на дневен ред да ги стави законите за ратификација на договорите кои произлегуваат од „Отворен Балкан“.

„Станува збор за договори со чија ратификација граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, рече пратеникот.

Овие договори, дополни тој, ќе овозможат нови работни места, пополнувања на недостигот од кадри во приватниот сектор во секоја од трите држави.

„Ова е од огромна помош за фирмите кои имаат свои претставништва во трите држави, за полесно да отвораат нови работни места и полесно да ангажираат работни кадри и за нив да обезбедуваат добри плати и добри услови за работа.
Станува збор за регионална конкурентност на пазарот на трудот која со сигурност ќе придонесе кон покачување на платите, а истовремено ќе овозможи младите од трите држави полесно да можат да започнат заеднички бизниси“, изјави Талески.

Тој рече дека проектот не може да почне бидејќи Милошоски упорно не закажува седница.

„Овој проект, за жал сè уште не може да почне бидејќи меѓународните договори со кои се уредува оваа материја не се ратификувани, а не се ратификувани затоа што Милошоски упорно не закажува седница на Комисијата, каде тие ќе бидат на дневен ред“, посочи тој. „Како пратеници, имаме обврска да им служиме на граѓаните и затоа, уште еднаш го повикуваме Милошоски да закаже седница на Комисијата за надворешни работи, конкретните договори да бидат изгласани, за граѓаните што поскоро ги почувствуваат придобивките од нив. Во спротивно, Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе се потврдат како кочничари на напредокот и развојот на државата“, порача пратеникот од СДСМ. (С.К.)

Антонио Милошоски Комисија за надворешна политика миле талески отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.