Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Oтворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2024 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена

0
By Marija Todorovska on January 25, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 25, 2024 13:40

Министерството за култура информира дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2024 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Сите заинтересирани, најдоцна до 26 февруари, може да се пријават на конкурсот што е објавен во медиумите и на веб-страницата на Министерството за култура. Целта на манифестацијата е преку нови форми на културно изразување и преку различни медиуми да се поттикне употребата на македонскиот јазик.

− Вложуваме во младите и ги препознаваме нивните иновативни идеи. На конкурсот „Цртај на македонски“, кој започна во 2022 година на моја иницијатива со цел да се афирмираат македонскиот јазик и кирилското писмо, бевме сведоци на свежи уметнички идеи на младите автори, кои во изминатите две години ја раздвижија културната понуда во нашата држава. Преку овој конкурс ги поттикнавме младите луѓе на творење и себеизразување, нешто што е од особено значење – потенцира министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека младите уметници и автори од независната културна сцена  и оваа година добиваат можност со своите креативни идеи да придонесат кон зачувување на нашето најголемо богатство, мајчиниот јазик. Предност имаат млади автори до 30-годишна возраст кои за првпат конкурираат, мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик.

Предлог-проектите може да бидат: ликовни интервенции во урбан простор (графити) создадени на македонски јазик; стикери (налепници) за социјални мрежи и канали на комуникација (вибер, инстаграм…); самостојни и групни изложби на дела создадени со користење на македонскиот јазик; литературни промоции; организирање дебати, конференции, работилници и слично.

Локациите за претставување на проектите може да бидат во установите од областа на културата, но и други јавни и алтернативни простори, дури и нефункционални, руинирани објекти или простори кои може да добијат нов современ лик како уметничка сцена.  Манифестацијата ќе се одвива од 30 март до 31 мај.

Повеќе информации за конкурсот може да најдете на: КОНКУРС за учество во финансирање проекти за манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ во 2024 година – Министерство за култура (kultura.gov.mk)

 

автори Бисера Костадиновска - Стојчевска конкурс уметници Цртај на македонски јаизк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.