На денешносот судење за убиството на Вања и Панче обвинетиот Влатко Кешишев рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски му ја дал изјавата додека биле сами во полициско возило и му рекол да ја препише и да ја потпише.
Адвокатот на Кешишев побара појаснување за изјавата што обвинетиот ја достави до судот на претходното рочиште. Денеска Кешишев рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски му ја дал изјавата додека биле сами во полициско возило и му рекол да ја препише и да ја потпише.
Обвинетиот Влатко Кешишев на рочиштето одржано на 20 ноември ја повлече изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кешишев во изјавата која ја достави преку затворот до судот наведе дека Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал. Манев наводно им се заканил на него и на Боре дека ќе ги здробат ако не кажат така.