Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панчевски ќе бара отштета за рушењето на доградбата на својот објект

1
By Нова ТВ on November 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Второстепената комисија за инспекциски надзор донесе одлука со која се поништуваат решенијата на општина Центар за рушење на доградбата на објектот во сопственост на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски и неговото семејство.

Според решенијата на општина Центар се работело за дивоградби, а семејството Панчевски уште пред да ја добие денешната одлука, самоиницијативно го сруши спорниот дел.

По денешната одлука, адвокатите на Панчевски најавија тужба против Центар и рекоа дека ќе бараат обесштетување.

– Државната комисија за одлучување од втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната  постапка донесе две одлуки со кои решенијата на општина Центар за рушење на наводната дивоградба на улица „Никола Вапцаров“ бр. 6 се поништуваат како незаконски, истакна адвокатот на инвеститорите Благоја Пеповски.

Иако додека ја рушеа доградбата во почетокот на ноември, адвокатот потенцираше дека тие самоиницијативно го прават тоа, денес вели, Панчевски и семејството биле принудени да постапуваат по незаконското решение на Центар и ќе бараат надомест на штета.

– Со оглед на тоа што инвеститорите беа принудени да постапуваат по вака незаконито решение, односно жалбата не го одлагаше извршувањето на истите, како и притисокот кој беше наметнат од овластените лица при општина Центар изразен преку јавни повици на фирми за рушење на наводната дивоградба, односно јавни повици за асистенција на МВР за постапување за сите тие решенија, инвеститорите претрпеа штета која е утврдена со градежно техничко вештачење, рече Пеповски.

Од Општина Центар, пак, велат дека ќе постапат според решението на Второстепената комисија, но дека повторното отворање на постапката ќе значи потврдување на решението за уривање.

„Второстепената комисија не навлегувајќи во суштината на проблемот, не навлегувајќи и не одлучиувајќи дали тоа е дивоградба или не е, правно формално наоѓа забелешки на донесеното решение. Како пример би ги издвоил дека се наведени само имотни листови, а дека не е наведена катастарската парцела, не е установена сосптвеноста која што општината ја има утврдено кога го издала решението за одобрение за реконструкција“, изјави Кочо Стојчевски од општина Центар.

Владимир Панчевски дивоградба доградба Општина Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.